Со денешните трки за деца на патеките во Дојран денеска официјално заврши Државното првенство во триатлон во Македонија за годинава, кое се одржа во Дојран во организација на Триатлон Федерацијата на Македонија, под покровителство на Агенцијата за млади и спорт, Мкедонскиот Олимписки комитет, а под домаќинската улога на општина Дојран.
Конечните резултати од дводневното Национално триатлон првенство на Македонија, што се одржа вчера и денеска во најужното летувалите кај нас ги донесе и новите победници во оваа захтевна и тешка спортска дисциплина.
Деца 1 (резултати)
Кај девојчињата до 8 години први три со најдобро постигнао време се:
1. Мирјана Тодоровска – клуб „Триоги“ – време 13:32
2. Бисера Кутаноска – клуб „3 дисциплинс“- време 19:19
3. Зоја Татар – „3 дисциплинс“ – време 20:20
Деца 1 Машки:
1. Наум Ѓорѓијевски – ТК „Триоги“ – време 12:30
2. Борна Николовски – ТК „Триоги“ – 12:58
3. Огнен Грујевски – клуб „Триоги“ – 13:06
ДЕЦА 2 – девојчиња:
1. Калина Ѓорѓијевска- „Триоги“ – 22:30
2. Илина Станојевска – „Триоги“ – 22:34
3. Леонтина Џероска – „3 дисциплинс“ време 23:06
ДЕЦА 2 – машки:
1. Андреј Лозаноски – „Триоги“ – време 18:43
2. Томи Тодоровски – „Триоги“ – 19:14
3. Марко Шаврески – клуб „3 дисциплинс“ – време 19:46
КАДЕТИ девојчиња:
1. Александра Личева – време 37:58
2. Бистра Грујевска – „Триоги“ – 41:04
3. Тија Кукунешоска – ТК „3 дисциплинс“ – 42:47
КАДЕТИ машки:
1. Јосиф Малински – „Триоги“ – пстигнато време 33:01
2. Бобан Јаневски – „Триоги“ – 33:28
3. Марио Брезовски – „Триоги“ – време 34:21
ЈУНИОРИ (само машки):
1. Здравко Здравев – „Триоги “ – 1:08:58
2. Матео Мачоски – „3 дисциплинс“ – време 1:10:51
СЕНИОРИ девојќи:
1. Анастасија Пејчева – „Tri Team Sofia“ – време 1:08:41
2. Магдалена Станковска – „Триоги“ – 1:17:13
3. Бојана Ѓорѓиеска – „Триоги“ – 1:21:24
СЕНИОРИ машки:
1. Иван Трпчевски – „Триоги“ – 1:02:54
2. Стефан Делев – „ Софка“ – -1:04:38
3. Genc Isufi – време 1:05:15
МАСТЕРС 1 – женски:
1. Нела Стојанова – „3 дисциплинс“ – 2:01:58
– Магдалена Пипонска – DNS
МАСТЕРС 1 – мажи:
1. Марко Најденовски – 1:15:17
2. Цветан Стоименов – 1:21:50
3. Кристијан Станојевски – „Триоги“ – 1:23:45
МАСТЕРС 2 – жени:
1. Даниела Атанасовска – „Триоги“ – 1:28:42
– Даниела Камбурова – DNS
МАСТЕРС 2 – машки:
1. Игор Димовски – „Софка“ – 1:06:09
2. Бранко Трајковски – време 1:15:02
3. Jared Mitchell – „Tri Team Sofia“ – време 1:15:41
МАСТЕРС 3 – машки:
1. Sean LePouttre – време 1:14:47
2. Петре Камчев – „Софка“ – време 1:32:23
3. Љупчо Апостоловски – време 1:50:28
На Националното првенство во триатлон до целта стасаа вкупно 94 натпреварувачи од кои 23 женски и 71 машки учесници. Се натпреваруваа во дисциплините : 800 метра пливање, 20 километри возење велосипед и 5 километри трчање до целта.
Со најмногу трофеи се здоби Триатлон клубот „Триоги“, (вкупно 18 освојувачи на подиум), потоа следуваа членовите на триатлон клубот „3 дисциплинс“ со освоени седум медали, ТК „Софка“ освои три медали, ТК „Tri Team Sofia“ освоија две медали.
Меѓу спотската триатлон елита беа и четворица гевгеличани кои се изборија за пласман на 5-то место во „Мастер 2“ Влатко Семенаков, 9-то место во „Мастер 2“ за Дарко Прошевски кој претрка и помлади спортисти од себе, 7-мо место за Коста Гелебешев и 8-мо месо за Даниел Анчев во категоријата сениори.
Дојран викендов спортски празнуваше, навиваше и ги бодреше нашите спортски триатлон сили во Македонија кои по осми пат на национален ранг се натпреваруваат во Дојран и во водите на Дојранското езеро.
Честитки за сите учесници!
Честитки за носителите на медали!
Спортски успех за понатаму!