Три ПРВИ места, 4 ВТОРИ и 5 ТРЕТИ места е спортскиот дострел на 48 пензионери од ЗП од Гевгелија на 28-те Регионални пензионерски спортски натпревари одржани вчера, 20 јуни, во Богданци.
Најдобри резултати со освоено ПРВО место постигнаа:
1. Василка Јанева – најдобра во дисциплината „Табла“
2. Џоко Богев – најдобар во дисциплината „Домино“
3. Машката екипа на ЗП Гевгелија – дисциплина „Фрлање кош“
Пласман на ВТОРО место постигнаа три женски и една машка екипа од ЗП Гевгелија, и тоа во дисцилините:
– најдобра е екипата жини – во дисципината „Шах“
– женската екипа – дисц. „шутирање пенали“
– женска екипа – во дисциплина „Пукање со воздушна пушка“
– машката екипа – дисциплина „Теглање јаже“
Пласман за ТРЕТО место постигнаа 4 машки екипи и една женска екипа од гевгелиското Здружение на пензионери, во следните дисциплини:
– машка екипа – „трчање на 80 метри до 60 години мажи“
– Машка екипа – „трчање на 80 метри над 60 години мажи“
– машка екипа – „Шах“
– машка екипа – „Пукање со возддушна пушка“
– женска екипа – „фрлање кош“
Домаќин на 28-те Регионални пензионерски спортски натпревари беше Здружението на пензионери од Богданци. На натпреварите учествуваа Здруженијата на пензионери од Бевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Демир Капија, Кавадарци, Неготино и Велес.
Натпреварите се одвиваа во 10 спортски дисциплини и за мажи и за жени, освен дисциплината теглање јаже која беше само за мажи, другите дисциплини се: стрелање со воздушна пушка, шах, пикадо, домино, шутирање мали голови, слободно фрлање на кош, трчање до 80 метри мажи до 60 години и мажи над 60 години (2 различни трки по возраст), трчање за жени траса од 60 метри со возраст до 60 години и посебни трки за жени над 60 години и играње табла.
Гевгелиските пензионери зедоа учество со 48 свои претставника во сите 10 дисциплини и своија 12 награди. Ова е одличен резултат за нашите витални пензионери. Покажаа спортски дух на терените иако времето беше топло на југот.
Натпреварите се одриграа на терените на ФК „Изворски“ и во училишната спортска сала во Богданци. Регионалните спортски средби на пензионерите од југот завршија попладнето со заедничка дружба во х.Полин во Дојран.
Честитки за сите учесници, честитки за наградените и да Ве служи здравјето и понатаму за нови победи!