30 годишна девојка од Македонија загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопат во Грција. Несреќата се случила во близина на градот Нисели на автопатот кој од Солун води кон Верија и Игуменица во западна Грција.
Според грчките медиуми настрадана е 30-годишно женско лице, жителка на Скопје додека уште три жени кои биле со загинатата во автомобилот се тешко повредени. Една од повредените Македонки била интубирана и пренесена во болница во Солун од грчката спасувачка служба. Сериозни повреди има и девојка на 27-годишна возраст која е на операција во болницата во градот Верија.
Уште есно лице, маж на 74 години е повреден во несреќата во која загина туристка од Македонија. Во несреќата се судриле три возила.
Најоштетено и целосно згмечено од задната страна е автомобилот од Македонија. На снимките кои ги објавија грчките медиуми се гледа дека загинатата и повредените биле извлекувани со помош на пожарникари кои користеле соодветна опрема и го сечеле автомобилот.
Грчката полиција врши увид.
Фото: Принтскрин од видео извештаите на грчките медиуми