Село Ума – место познато како чиста природна воздушна бања на Кожуф планина, гевгелиско.
Сместено е на 820 метри надморска височина во пазувите на Кожуф и ова е највисокото населено место од поткожуфските планински села во гевгелиско.
Во XIX била населба со 500 жители, а денеска важи за туристичка викенд населба, поради извонредните струења на воздухот, природниот свод, будењето со птиците и бескрајното зеленило.
Ако сакате да го посетите сторете го тоа на селската слава Свети Пантелејмон, кога и селото, и црквата, и жителите (едвам 4ца според последниот попис) и викендашите, и гостите слават и се веселат во прекрасниот амбиент на селскиот пејсаж во Ума.