Во спомен и чест на прерано починатиот млад кошаркар од Гевгелија Иван Пенов – Пена (2003-2021) и годинава се организира кошаркарски маморијал со неговото име во Гевгелија.
Во тек е пријавувањето на екипите за овогодинешниот турнир. Организаторот планира учество на три категории:
– Сениори
– Јуниори до 17 години и
– Женска категорија
Турнирот ќе се одржи во периодот од 31 јули до 04 август. Финалните натпревари ќе се одриграт на 4 август, (денот на раѓањето на Иван Пенов кога тој требаше да го слави својот 22 роденден), па славеничката атмосфера ќе биде поздрав за незаборав за гевгелискиот прерано заминат млад кошаркар.
Наградниот фонд за победниците и првите три места во секоја од трите категории заедно со специјалните награди за прогласените најдобар играч на турнирот, најдобар шутер за три поени и најдобар млад играч, изнесува 2.500 евра.
Екипите може да се пријават на телефонскиот број: 076/405-610 Павле Николов.
Организаторот напоменува дека право на учество имаат само екипите од Општина Гевгелија.
Иван Пенов – Пена (18 г.) загина во сообраќајна несреќа на 19.02.2021 година враќајќи се од Стар Дојран. Сообраќајната несреќа се случила на патниот правец Стар Дојран – Нов Дојран каде патничко возило „Опел мерива“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот И.М. од Гевгелија, излетало од коловозот. Во незгодата загинал Пенов, а со тешки повреди доживеале сопатниците И.М. и В.С.
Пенов сезоната 2021 беше регистриран во првиот тим на Кожув, а настапуваше и за јуниорскиот тим на тимот од Гевгелија. Предвреме згаснат живот, неизиграна спортска кариера која беше во подем.