Македонскиот автомобилист и спортски амбасадот Игор Стефановски-Иџе вчера возеше трка во Швајцарија од Европскиот шампионат на ридски патеки и се пласира на ВТОРО место во севкупен пласман, со време од 2:10:317, за 7 секунди побавно од првопласираниот.
Иџе возеше Ферари 488 Челенџ
Македонскиот најтрофеен автомобилист Игор Стефановски-Иџе, на социјалните мрежи им се заблагодари за големата поддршка од голем број Македонци за време на трката која што ја возеше нашиот Иџе.
Стефановски беше второпласиран во генерален пласман во неговата Категорија 1, група 1, а по двете возења севкупно 11-ти во сите категории заедно во конкуренција на 37 возачи.