Членовите на Карате Клуб „Дојран“ од Дојран на 28 и 29 септември учествуваа на Интернационалниот карате турнир „Букурешт интернационал карате ОПЕН“ рамо до рамо со карате тимови од осум европски земји.
Во конкурнција на борби, кумите и ката учесниците од Дојран освоија вкупно 10 медали од кои еден ЗЛАТЕН медал, 5 СРЕБРЕНИ медали и 4 БРОНЗЕНИ медали. Во севкупна конкуренција за генерација У10 карате тимот на Дојран освои ВТОРО место, сребрени медали за членовите на тимот и Пехар за освоениот подиум.
Достигнувањето не само по број на медали и пехари е голем за овој млад карате клуб од Дојран кој ја испишува третата година од своето постоење. Успехот го збогатува и фактот што конкуренцијата беше бројна. На турнирот учествуваа 8 национални тимови од повеќе карате клубови од Украина, Кипар, Молдавија, Романија, Бугарија, Србија, Македонија со вкупно 75 клубови 1.124 натпреварувачи, со1.753 влезови и силна конкуренција.
Носителите на медали се следните членови на КК „Дојран“:
– ТИНА УПЧЕВА У10 – 25кг, ПРВО место, медал и Пехар, 🥇🏆
– Христијан Кречев – категорија КАТИ У8 – ВТОРО место 🥈
– Христијан Кречев – категорија КУМИТЕ У10 – ВТОРО место, Сребрен медал и Пехар, 🥈 🏆
– Љупчо Стоиловски – КУМИТЕ У10 – ВТОРО место – Сребрен медал и Пехар, 🥈🏆
– Тина Упчева КУМИТЕ У10 – ВТОРО место, Сребрен медал, 🥈
– КУМИТЕ ТИМ ДОЈРАН У10 – ВТОРО место, медали и Пехар,🥈🏆
– Ружица Донева – КУМИТЕ У12 -59кг – ТРЕТО место 🥉
– Симона Панова КУМИТЕ КАДЕТИ -61кг – ТРЕТО место, бронзен медал🥉
– Клаудио Јанковски – КУМИТЕ СЕНИОРИ – ТРЕТО место, Бронзен медал 🥉
– Љупчо Стоиловски – КУМИТЕ У12 – ТРЕТО место, Бронзен медал🥉
- „Ова е голем резултат за Карате клуб „Дојран“. Во Букурешт учествувавме со шест натпреварувачи кои освоија 10 медали. Тоа значи максимална реализација на терен над 100 од сто. Ова беше добра подготовка за нашите каратисти за претстојното Балканско првенство кое ќе се одржи во ноември во Сараево, Босна и Херцеговина. Искуството, самодовербата, спремноста носи резултати. Се надеваме на добри резултати и на Државното првенство во карате за деца и млади кое ќе се одржи на 2 ноември во Дојран, каде домаќин е нашиот клуб“ – изјави за GevgelijaNet тренерот и ментор на децата каратисти од КК „Дојран“, Лилјана Упчева.
Инаку, турнирот „Букурешт интернационал карате ОПЕН“ се организира прв пат годинава, со огромен број учесници во организација на C.S. COBRA Karate C.S TWIN Team Karate by Chiabei Marius.
Честитки за успехот на малите каратисти од КК „Дојран“!