вторник, 16, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home БАЛКАН

ВИДЕО: Лејла, мајка херој – пливала 3 км за да ја спаси ќерката од поплавите во БиХ

Лејла од Босна херојски се борела меѓу живот и смрт, пливала во надојдената вода од поплавите во БиХ меѓу отпад, дрвја, апарати за да ја најде во мракот и спаси својата 13 годишна ќерка и, УСПЕАЛА во тоа!

октомври 6, 2024
in БАЛКАН, Балкан, СВЕТ
ВИДЕО: Лејла, мајка херој – пливала 3 км за да ја спаси ќерката од поплавите во БиХ
0
SHARES
262
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Лејла Залихиќ е мајка херој која скокнала од третиот кат од својата куќа, испливала три километри во поројната вода и ја спасила својата 13-годишна ќерка за време на катастрофалните поплави кои го зафатија Бутуровиќ Поље во БиХ, пренесува србија данас.

Како што пишуваат Коњичани, Лејла, нејзината ќерка, сопругот и свекрвата ноќта на катастрофалните поплави завршиле во поплавата, а куќата им била уништена.

Лејла има видливи повреди и е хоспитализирана, додека нејзиниот сопруг и ќерка се добро додека се уште трае потрагата по нејзината свекрва, пишува кликс.ба.

Lejla Zalihić koja je plivala kroz bujicu tri kilometra i spasila kćerku. 🇧🇦

(📸 Arman Kurtić/Facebook) pic.twitter.com/aVCLrvLE5K

— The Martian (@SeeOutThere) October 5, 2024

  • „Не знам колку беше часот, можеби дванаесет и пол. Јас и сопругот и ќерката заспавме, а свекрва ми беше на вториот кат. Ни’ се јави соседот и ни рече да бегаме бидејќи ќе ни се поплави куќата. Излеговме и видовме дека водата доаѓа. Се качивме на вториот кат, а водата сè повеќе доаѓаше. Зедов некои основни работи, како лични документи и слично“ – ја започнува својата приказна Залихиќ за „Аваз“.

    Погледнале низ прозорецот од вториот кат и виделе дека водата го однела автомобилот, а куќата почнала да се ниша додека водата доаѓала, пренесува нова.рс.

  • „Се качивме на третиот кат и повикавме ГСС, Итна помош, полиција, но тој мост преку кој доаѓатат не беше прооден и не можеа да дојдат“, вели Лејла.
    Таа вели дека на третиот кат останале еден час кога почувствувале дека удирало во долниот кат. Тие знаеле што ќе се случи, но не знаеле дали ќе успеат да се извлечат.
  • „Куќата силно се заниша, а потоа се сруши и заедно со неа се срушивме. Се сеќавам дека ги слушнав врисоците на мојот сопруг, свекрва и ќерка и не се сеќавам на ништо друго“, вели Лејла низ воздишка.

Некои работи, додава таа, дознала дури сега. На пример, телефонот цело време и бил во рака.

  • „Навистина не знам зошто телефонот ми беше во рака и зошто го држев толку цврсто што не ми испадна од рака ни при пливањето“, вели Залихиќ.
    Свесна била, вели, дека нема семејство. Не знаела каде плива, цела била во мординки.
Лејла со сопругот и ќерката
  • „Ќерка ми го забележа светлото во мојата рака и почна да ме вика. Не можев да дојдам до тоа од дрво, разни работи, апарати за домаќинство. Ги турнав, нурнав под нив, поминав преку нив, ги расчистив за да стигнам до неа. Кога ја најдов, ја влечев зад себе, беше премногу тешко, моите чизми беа натопени, облеката, но успеавме да стигнеме до брегот каде што седевме можеби час и половина. Се обидувавме да откриеме каде да одиме, не знаевме во која насока да одиме“, вели Лејла.Потоа виделе помлад човек на водата кој лебдел на сплав. Таа му викнала да земе потенко дрво и да дотурка до нив.
  • „Ние тројцата потоа излеговме низ шумата, обидувајќи се да стигнеме до првата куќа која не беше поплавена за да се пресоблечеме и да се соземеме бидејќи бевме мокри, калливи и боси. Не се сеќавам на сите детали, сè уште сум збунета, знам дека стигнавме до една куќа каде дојдоа полиција и цивилна заштита и не однесоа во Итната помош“, раскажува Лејла.

На социјалните мрежи оваа жена е прогласена за мајка херој со коментари, „ова е светла и храбра вест во морето од вести за несреќата, загинати, исчезнати“.

Related posts

ВИДЕО: Децата на непалските политичари станаа симбол на корупција – ги нарекуваат „непо-деца“

ВИДЕО: Децата на непалските политичари станаа симбол на корупција – ги нарекуваат „непо-деца“

септември 11, 2025
Големи нереди во Непал – запален Парламентот, жива запалена сопругата на Премиерот

Големи нереди во Непал – запален Парламентот, жива запалена сопругата на Премиерот

септември 9, 2025

Ова е ден потоа после несреќата со поплава во Јабланица – налетот на вода „збриша“ се’ пред себе:

Извор: Нова.рс, Аваз,

ShareTweetShareSend
Previous Post

ЗЛАТЕН МЕДАЛ за „Планински мед“ од подножјето на Кожуф на Агро Саем Струмица 2024

Next Post

ВИДЕО: АК „7 Ноември“-Гевгелија со 18 атлетичари учествуваше на 20-от Скопски маратон

Next Post
ВИДЕО: АК „7 Ноември“-Гевгелија со 18 атлетичари учествуваше на 20-от Скопски маратон

ВИДЕО: АК „7 Ноември“-Гевгелија со 18 атлетичари учествуваше на 20-от Скопски маратон

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Спасовден, заштитник на Гевгелија!

Спасовден, заштитник на Гевгелија!

1 година ago
Kривична пријава за жител на Миравци

Kривична пријава за жител на Миравци

2 месеци ago
Психолошка поддршка за граѓаните на Кочани од Здружението на психолози и ПАМ

Психолошка поддршка за граѓаните на Кочани од Здружението на психолози и ПАМ

6 месеци ago

Честит празник Свети Климент Охридски!

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • По тешка сообраќајна несреќа кај с.Богородица почина Саше Франгов
  • Иван Делиманов од Гевгелија доботник на награда за најдобра машка улога на 18 издание на ФАК
  • Демант од Левица: Пратеникот Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

По тешка сообраќајна несреќа  кај с.Богородица почина Саше Франгов

По тешка сообраќајна несреќа кај с.Богородица почина Саше Франгов

септември 15, 2025
Иван Делиманов од Гевгелија доботник на награда за најдобра машка улога на 18 издание на ФАК

Иван Делиманов од Гевгелија доботник на награда за најдобра машка улога на 18 издание на ФАК

септември 15, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist