сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Кометата на векот го осветли небото над Македонија

„Со својата орбита од 80.000 години, кометата последен пат е видена од Земјата во времето на неандерталците“, објасни НАСА

октомври 15, 2024
in MАКЕДОНИЈА
Кометата на векот го осветли небото над Македонија
0
SHARES
267
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Кометата А3 (Цучиншан-АТЛАС), после 80 000 години, повторно е видлива од планетата Земја. Астролозите уште ја нарекуваат „кометата на векот“ поради нејзиниот сјај и можноста да се види со голо око. По јужната, сега таа е видлива и од северната хемисфера, секако во зависност од временските услови и светлосното загадување.

И покрај полната месечина кометата која последен пат била видлива од Земјата во времето на неандерталците, со голо око деновиве може да се види и на небото над Охрид на зајдисонце во правец на југозапад.

Related posts

Орден „8 Септември“ за Светлана Мојсов, македонски научник која го откри лекот Оземпик

Орден „8 Септември“ за Светлана Мојсов, македонски научник која го откри лекот Оземпик

септември 27, 2026
ОЈО ГОКК: Истрага за царинска измама со цигари – штета на Буџетот од над 250 милиони денари

ОЈО ГОКК: Истрага за царинска измама со цигари – штета на Буџетот од над 250 милиони денари

септември 26, 2026

А3 (Цучиншан-АТЛАС) која и вечерва извесен период го осветли небото над Охрид, ја уловија објективите на фоторепртерите на Охрид Њуз.

Кометата над Охрид

На 27 септември, кометата успешно стигна до перихелот, или најблиската точка до Сонцето на својата орбитална патека околу матичната ѕвезда и беше видлива за оние на јужната хемисфера.
Потоа, кометата стана повидлива за оние на северната хемисфера и тука ќе остане до почетокот на ноември.

Кометата уловена во објективот над Скопје – Фото: Б.Грданоски

Кометата стана видлива на вечерното небо од 10 октомври, по што можеше да се забележи и со голо око. Најблиску се приближи до Земјата на 12 октомври на растојание од 71 милион километри. Кометата потоа стана потемна, бидејќи се оддалечува и од Земјата и од Сонцето, но како што издолжувањето станува повисоко, станува полесно да се забележи.

Панорама од Охрид со кометата Tsuchinshan-ATLAS 14.10.2024 – Фото: С.Стојановски

Како што соопшти НАСА, овој период значи и дека нејзиното прелетување на Земјата било документирано за прв пат.

„Со својата орбита од 80.000 години, кометата последен пат е видена од Земјата во времето на неандерталците“, објасни НАСА.

Кометата за прв пат беше откриена на 9 јануари 2023 година од астрономите од опсерваторијата Цучиншан во кинескиот град Нанџинг. Во меѓувреме, неговото движење беше потврдено од системот АТЛАС на Хаваите, по што научниците почнаа да посветуваат поголемо внимание.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Сеул: Северна Кореја разнесе патишта кон Јужна Кореја

Next Post

17 години без ТОШЕ

Next Post
17 години без ТОШЕ

17 години без ТОШЕ

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Авизото на „Калинка“ отпеано од новиот детски хор

Авизото на „Калинка“ отпеано од новиот детски хор

3 години ago
Милена Стамкова – Библиотекар на годината за 2024

Милена Стамкова – Библиотекар на годината за 2024

1 година ago
ВИДЕО: Големо невреме во Скопје – паднал дел ограда и рекламно пано врз возила во движење

ВИДЕО: Големо невреме во Скопје – паднал дел ограда и рекламно пано врз возила во движење

2 години ago
Фурка вечерва не спие – огнот го демне селото во ноќта

Фурка вечерва не спие – огнот го демне селото во ноќта

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Македонска песна во Воден, Егејска Македонија
  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Македонска песна во Воден, Егејска Македонија

ВИДЕО: Македонска песна во Воден, Егејска Македонија

октомври 2, 2026
ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist