Во рамките на Македонскиот мотокрос Шампионат за 2024 година, овој викенд, недела 20 октомври, на патеката Смолево во Битола ќе се одржи последната Мотокрос трка за оваа година.
„Мотокрос Гевгелија“ ќе го застапуваат пет возачи во четири различни класи.
Се очекува интересна трка со фактот што Димитар Маџунков ќе се бори за шампионска титула во класата „MX“. Овде, на патеката главни ривали ќе му бидат Михаил Бајовски и Зоран Каранфиловски кои всушност настапуваат на домашна патека.
За атак на првото место е спремен и Драган Димов во класата „MX50“. Тој ќе се бори за шампионската титула на патеката во Битола против Troxidis од Грција.
Претходната година не се одржа последната трка од Мотокрос Шампионатот на Македонија на патеката Смолево па затоа се очекува зголемен интерес за годинашниот спортски настан и многубројна публика
Од „Мотокрос Гевгелија“ ја покануваат домашната публика да се придружи на спортскиот настан од трибините и да им дадат поддршка на нашите учесници, со бодрење, аплауз. Трките започнуваат во 11 часот.