Младата атлетичарка Катерина Шиповиќ од Атлетскиот клуб „ТРЕКС“ од Скопје е ПОБЕДНИК на Втората меѓународна ултра-трка што се одржа викендов (19-20.10.2024 g.) на патека кај Негорските бањи во Гевгелија.
Таа истрча 30 круга од 6,7 километри, или вкупно 201,35 километар за време од 25 часа 52 минути и 13 секунди.
Трката започна во саботата во 14 часот, а траеше до 20 часот во неделата. Тоа се вкупно 30 часа не спиење од кои реиси 26 часа во трчање, а само 4 часа паузи од по 10, 15 минути тоа беше спортскиот победнички порив кој Катерина го оствари на теренот во Негорските бањи.
Катерина претрка во кондиција, тактичко темпирање на трчањето и издржливост во борба со сонот и желбата за победа вкупно 54 кандидати кои трчаа на „ПАНКС БЕКЈАРД УЛТРА“, од кои 2/3 беа машки учесници, а 1/3 беа женски натпреварувачки.
Освен издржливоста Катерина ја краси и младоста, има 35 години и за еден круг повеќе го победи својот ривал до последниот круг, тоа беше Анастасиос Леонидис од Грција, 45 годишен атлетичар кој истрча 29 круга, или 194 илометри.

Катерина го претрка и минатогодишниот победник на оваа ултра трка во Гевгелија, а тоа беше Жикица Ивановски, кој се откажа после истрчаниот 25 круг, или 167,5 километри.


Девојче македононче ја задржа победата на Македонија на Вториот Ултра спортски настан во Гевгелија, докажувајќи воедно дека жените се рамноправни спортски ривали кога е во прашање трчањето на долги патеки каде е потребна тактика на темпото и голема психофизичка издржливост,
Браво Катерина!
Македонија има нова УЛТРА КРАЛИЦА на трките во издржливост – Катерина Шиповиќ!