По повод претстојниот празник за ослободување на Велес 9-ти Ноември во неделата на патеката на фудбалскиот стадион и во Градскиот парк се одржа традиционалната атлетска трка „Велес трча“.
Четворица атлетичари од Гевгелија трчаа во Велес на стазите од 5 и 10 километри: Живко, Мики, Димче и Борче.
На трката од 10 км учествуваа:
– Петков Живко – време 59:31 минути;
– Петровски Мики – време 57:26 и
– Андреев Димче 57:26 минути.
На трката од 5 км настапи Крстевски Илиоски Борче и оствари време од 26:23 минути.
Сите 4-ца се членови на АК „7 Ноември“ Гевгелија.
Инаку, првото место на 10 километри мажи со осум поминати круга го освои Дарио Ивановски од АК „Скопски маратон“, а на 5 километри со четири круга прв на целтта стигна Роберто Димитриевски од АК „Велес“.
Во женска конкуренција на 10 километри прва е Фросина Михајловска од АК „Аеродром“, а на 5 километри прва на целта стигна Марија Савковска.
Организатори на трката и годинава беа АК „Борец“ од Велес со поддршка на Општина Велес и повеќе спонзори.
************
Неделата беше ден за спортски настапи, а АК „7 Ноември“ тоа го направи на четири организирани трки, од кои: две трки во Грција, маратон трка во Турција и градски трки во Велес со вкупно 19 учесници-атлетичари.
Сите достојно го претставуваа својот атлетски клуб и Македонија.