петок, 19, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Парична награда за пожарникарите и вработените во ЈП кои учествуваа во гаснењето на пожарите ова лето

Одлуката за добивање парична награда за пожарникарите и вработените во ЈП ќе биде на одобрување пред Советот на општина Гвегелија неделава

ноември 12, 2024
in ФОКУС
Парична награда за пожарникарите и вработените во ЈП кои учествуваа во гаснењето на пожарите ова лето
0
SHARES
383
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Related posts

Ана Брзанова –  меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“

Ана Брзанова – меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“

септември 17, 2025
По тешка сообраќајна несреќа  кај с.Богородица почина Саше Франгов

По тешка сообраќајна несреќа кај с.Богородица почина Саше Франгов

септември 15, 2025

По жешкото и огнено лето во кои екипите на ТППЕ Гевгелија бележеа пожари и по 4 – 5 на ден конечно некој се сети дека овие луѓе за својот вонреден ангажман и пожртвуваност на терен заслужуваат посебна награда и благодарност.

Советот на општина Гевгелија на закажаната редовна 51 седница во четвртокот ќе расправа за одвојување парична награда од по 12.000 денари за вработените на ТППЕ Гевгелија, ЈПКД „Комуналец“ и ПШС „Кожуф“ Гевгелија кои учествуваа во гаснењето на пожарите во летниот период 2024 на подрачјето на општина Гевгелија и пошироко.

Се работи за вкупно 79 ангажирани лица на терен од ТППЕ и двете јавни претпријатија. Вкупниот износ за награда на нивниот вонреден ангажман изнесува 948.000 денари со вклучен персонален данок.

Предлогот за доделување парична награда за гевгелиските пожарникари за успешно справување со пожарите во летниот период бил доставен на 4 септември како предлог за дополнување на дневниот ред на 47-та редовна седница на Советот на општина Гевгелија од советничката група на СДСМ. Истиот предлог за одвојување парична награда за пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарите во текот на летото поднесе и советникот на Левица Никола Петров, два дена понапред, на 2 септември 2024. И двата предлога, и на Левица, и на СДСМ се однесуваат само за парична награда на пожарникарите во износ од 10.000 денари по лице.

После четири одржани седници и изминати два месеца конечно предлогот за одвојување парична награда за вредната работа на пожарникарите летово стасува на дневен ред на 51-та седница. Но, сега во одлуката има проширена листа за паричен награден прилог наменет и за вработените од „Комуналец“, и гевгелиското Шумско стопанство „Кожуф“ кои со дотур на вода, механизација и одржување дежурни служби на терен придонесоа во акцијата за ставање под контрола и елиминирање на пожарите во Гевгелија и околните општини. Овие лица по список од Јавните претпријатија се административно додадени на предлогот што го поднесоа советничките странски на опозицијата.

Средствата за паричната награда според Предлог-Одлуката треба да бидат обезбедени од буџетот на општина Гевгелија.

За да биде реализирана оваа одлука за награда треба Советот да се изјасни позитивно за истата, па потоа парите да се исплатат на пожарникарите, комуналците, шумските работници.

ТППЕ Гевгелија на терен при пожар на станбена зграда во Богданци

Само во текот на периодот јули-септември пожарникарите имаа речиси секој ден работа, а некогаш дневно се интервенираше и на 5 пожари во текот на денот.

Се интервенираше на: Пожар кај депонијата во Дојран, пожар во с.Николиќ, гореше шумски појас кај селото Даидово, гореше шумски појас кај село Кованец, гореше вегетацијата во близина на с.Негорци, поворно гореше депонијата кај туристичката населба Карач помеѓу Нов и Стар Дојран, пожар изби и во зелениот појас и нивјето кај с.Моин гевгелиско, единицата на ТППЕ учествуваа во гаснењето на пожарот кај Фурка, кој се префрли низ шумата кон браната Паљурци, два дена гореше и Погана кај Богданци во месноста Блатиште, гореше во Гевгелија кај месноста Касарна, гореше во близина на село Ума, повторно гореше депонијата кај населбата Карач во Дојран, повторно гореше кај с.Кованец, 7 дена гореше шумата на Кожуф планина од с.Кованец кон с.Серменин, гореше кај Богданци и полето кај Стојаково, повторно гореше шумата кај Кованец, екипи на ТППЕ Гевгелија отидоа да помогнат во гаснењето на големиот пожар кај Пепелиште, во Неготино, во ист ден имаше пожар во Гевгелија и Мрзенци, пожар од удар на гром во Богданци, пожар имаше и кај с.Марвинци близу локалитетот Исар, во јуни имаше пожар меѓу селата Негорци и Серменин, во ист ден два пати гореше во атарот на Мрзенци, третиот пожар беше на депонијата кај Конско… Единицата на ТППЕ Гевгелија учествуваше и во акции од трикратното невреме со град во Гевгелија, Мрзенци, Негорци, Моин, во технички интервенции кај тешки сообраќајни акции, во градски акции за гаснење на запалени контејнери со отпад… Се на се’ активно, жешко, огнено и макотрпно работно лето за пожарникарите од ТППЕ Гевгелија.

Ова се наши сеќавања што се’ слушнавме и проследивме на тема пожари кај нас во Гевгелија на нашиот портал GevgelijaNet. Дали е доволно за да советниците одлучат да гласат „ЗА“ одлуката за доделување парична награда на пожарникарите, комуналните и шумските работници? Ќе одлучат членовите на Советот на општина Гевгелија.

Пожарот кај Погана гореше и дење и ноќе неколку денови и ги ангажираше силите на ТППЕ и ЈП деноноќно повеќе од 100 часа

Советникот на Левица во гевгелискиот Совет се обрати до нашата редакција и изјави:

  • „Јас стојам само зад мојата иницијатива, а тоа е парична награда само за пожарникарите, кои беа цела сезона на пожари, цело лето на терен. Пожарникарите не можат да се стават во ист кош со другите волонтери кои понекогаш биле на пожарите, ангажманот не е ист“ – вели Никола Петров.

    Тој не извести дека денеска ја повлекол својата иницијатива за одвојување парична награда и барал да биде доработена со забелешките од Левица.

  • „Во материјалите за одлуката ни направиле уфрлување без наше одобрение. Така да, дали ќе биде прифатена од нас во иднина зависи од тоа како ќе ја доработат“ – изјави Петров.
ShareTweetShareSend
Previous Post

Победничкиот празник на Гевгелија децата го прославија со победнички трки на „November Run“

Next Post

КУД „Негорци“ организатор и домаќин на Регионални Фолклорни смотри

Next Post
КУД „Негорци“ организатор и домаќин на Регионални Фолклорни смотри

КУД „Негорци“ организатор и домаќин на Регионални Фолклорни смотри

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Меморијалот „Мите Тути“ – претпразнично и спортски го исполни Негорци

Меморијалот „Мите Тути“ – претпразнично и спортски го исполни Негорци

5 месеци ago
Четворица учесници од Гевгелија со пласман од 5то до 9то место на Националното првенство во триатлон

Четворица учесници од Гевгелија со пласман од 5то до 9то место на Националното првенство во триатлон

1 година ago
Kривична пријава за жител на Миравци

Kривична пријава за жител на Миравци

2 месеци ago
Кај Паљурци приведено лице по кое била распишана потерница

Кај Паљурци приведено лице по кое била распишана потерница

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Четири медали за гевгелиските атлетичари во Грција
  • Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning
  • Ана Брзанова – меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Четири медали за гевгелиските атлетичари во Грција

Четири медали за гевгелиските атлетичари во Грција

септември 18, 2025
Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning

Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning

септември 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist