Хуманост, посветеност, инклузивност.
Вакви пораки испратија средношколците од СОУ „Јосиф Јосифовски “ Гевгелија кои ги посетија штитениците на Центарот за лица со посебни потреби „Мајка Тереза“ во Гевгелија.
Тие поминаа еден работен ден заедно во Новогодишната работилница на Центарот каде изработуваа Новогодишни и Божиќни украси за разубавување на празниците, рамо до рамо на иста маса и со исти желби за убави изработки заедно со штитениците од Центарот.
Изработките се сечеа, лепеа, фотографираа, коментираа и сите заедно се радуваа на заедничкиот труд.
Работа низ смеа и дружба тоа е она што го исполни денот на штитениците, а за спомен беше направена и заедничка фотографија. Песната и орото беша заедничка награда за трудот и убаво исполнетиот ден.
Украсите и изработките ќе бидат дел од колекцијата која ќе се изложи на Новогодишниот базар што секоја година пред празниците го организираат од „Мајка Тереза“.
Среќни насмевки и во Новата година!