петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

ВИДЕО: МЕГА шопинг парк во Гевгелија ќе донесе нови содржини за туристите и локалните жители

Камен-темелникот на „МЕГА шопинг парк“ во Гевгелија го најави првиот модерен трговски центар на рутата Скопје-Солун. Со површина од 20.000 м², ќе понуди интернационални брендови, детски забавни зони, куглана, ресторани, супермаркет и еко-пријателски технологии, позиционирајќи ја Гевгелија како регионален центар за забава и шопинг

декември 26, 2024
in ФОКУС
ВИДЕО: МЕГА шопинг парк во Гевгелија ќе донесе нови содржини за туристите и локалните жители
0
SHARES
1.8k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Минатата недела во Гевгелија свечено беше поставен камен-темелникот на МЕГА шопинг парк – првиот модерен трговски центар на најпрометната туристичка рута од Скопје до Солун. Објектот ќе се простира на површина од 5 хектари, а ќе располага со повеќе од 20.000 м² нето корисна површина во која ќе бидат сместени повеќе од 50 дејности поделени во неколку зони.

Од свечениот чин на поставување камен темелник на МЕГА шопонг парк

Претставниците на ексклузивниот партнер за закуп „Брик енд мортар“ велат дека веќе 90% од закупците го имаат потврдено своето учество, со што е обезбедена комбинација на модерни содржини и уникатно искуство за посетителите: интернационални модни брендови, зона за забава за деца од сите возрасти со куглана која ќе биде прва во овој регион, arcade зона, игротека, ресторани и кафетерии, голем супермаркет, 24/7 зона, дел за техничка опрема и апарати и DIY сегмент, како и медицински центар со повеќе содржини.

Related posts

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

јули 4, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Повеќе од 2000 м² се резервирани за детски забавен концепт, со најголемата детска затворена гејминг зона и аркад центар во регионот, во кој ќе биде вклучена и првата куглана во овој регион. Идните планови за МЕГА шопинг парк се насочени кон дополнување на содржините со хотел, со цел сите точки на интерес да бидат опфатени и соодветно исполнети.

  • „Со овие содржини сакаме да ги привлечеме туристите кои немаат слична прилика за шопинг и забава на патот од Скопје до Солун, и по отворањето на МЕГА шопинг парк, коешто е планирано за ова лето, да придонесеме Гевгелија да стане регионален центар за забава и квалитетно поминато време со семејството“, истакна Васко Давидовски, претставник на МЕГА шопинг парк.
Васко Давидовски, претставник на МЕГА шопинг парк

Тој додаде дека ова ќе биде и технолошки напреден парк, со фото-напонска централа со инсталирана моќност од преку 4 MW, со што ќе биде и енергетски ефикасен објект, а покрај тоа ќе има и еко урбана опрема со полначи за мали апарати, како и повеќе од 20 полначи за електрични возила.

Поставување на времена капсула во темелите на МЕГА шопинг парк

При поставувањето на камен-темелникот на МЕГА шопинг парк, домашниот инвеститор „А-плус“ заедно со стратешкиот партнер „Новастон“ постави временска капсула со позитивни пораки, симболизирајќи ја визијата за иднината и долгорочната посветеност кон економскиот и културниот развој на регионот.

– „Како водечки консултант за развој на трговски паркови и шопинг центри во регионот, Новастон беше одговорен за концептуалниот дизајн, техничката анализа и бизнис планот за овој проект. Сега ни претстои нова фаза – надзор на натамошниот напредок на проектот, како и неговото стратешко и маркетинг позиционирање, како за Гевгелија, така и за поширокиот пазар.

МЕГА шопинг центарот ќе има 20.000 м² нето корисна површина на која ќе бидат присутни над 50 дејности
  • „Македонија беше многу интересен пазар за нас од самиот почеток. Поради стабилноста, отвореноста за инвестиции и зголемената побарувачка за модерни комерцијални простори, ја гледаме како идеална за стратешки проекти кои нудат долгорочни придобивки. Малопродажните паркови не се само комерцијални простори, тие се клучни точки за поврзување на заедницата и зајакнување на локалната економија. Веруваме дека МЕГА шопинг парк ќе стане центар кој не само што ги задоволува потребите на пазарот, туку и го поттикнува понатамошниот развој на бизнисот и заедницата“, изјави Жарко Зечевиќ, виш потпретседател на платформата „Новастон“, стратешкиот партнер на овој проект.
Жарко Зечевиќ, виш потпретседател на платформата „Новастон“, стратешкиот партнер на проектот МЕГА шопинг центар

Во оваа прилика до присутните се обрати и градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов.

–  „Исклучително ми е чест што денес во општина Гевгелија започнуваме со изградба на една огромна и значајна инвестиција за нашиот град. Овој МЕГА шопинг центар ќе има голем инпут за економијата во нашиот град, а ќе бидат отворени над 300 нови работни места за нашите сограѓани. Изминатиот период како локална самоуправа работевме посветено на тоа да овозможиме подобри услови за нови инвестициски вложувања, и сметам дека таквата зацртана цел ја остваривме,“ истакна градоначалникот Сарамандов.

Андон Сарамандов, градоначалник на општина Гевгелија

МЕГА шопинг парк е стратешки лоциран на само 200 метри од приклучокот на автопатот Е-75, најважната сообраќајна артерија што ја поврзува Македонија со Србија и Грција, а дополнителна предност е што локацијата е јасно видлива од самиот автопат. Паркот ќе овозможи над 500 паркинг места, како и авто перална, што ќе додаде практична вредност за посетителите.

Со отворањето планирано за лето 2025 година, се очекува МЕГА шопинг парк да привлече туристи и локални жители, со што ќе ја позиционира Гевгелија како важен регионален центар.

Сите детали за проектот ќе бидат достапни на официјалната веб страница на шопинг паркот и кај ексклузивниот партнер за закуп „Брик енд мортар“.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Гевгеличанец, затвореник во Идризово, измамил од затвор угостители во Гевгелија

Next Post

IN MEMORIAM: Почина РИСТО ЌОРНАКОВ, член на легендарната група „Зијан“

Next Post
IN MEMORIAM:  Почина РИСТО ЌОРНАКОВ, член на легендарната група „Зијан“

IN MEMORIAM: Почина РИСТО ЌОРНАКОВ, член на легендарната група „Зијан“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Празничен ден Свети Јован Крстител

Празничен ден Свети Јован Крстител

5 месеци ago
Пишман шверцери во близина на ГП „Богородица“

Пишман шверцери во близина на ГП „Богородица“

1 година ago
Лишени од слобода две лица во Гевгелија

Кривична пријава за здравствена работничка од Гевгелија

5 месеци ago
Mирна Новогодишна ноќ во Гевгелија

Mирна Новогодишна ноќ во Гевгелија

6 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите
  • Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот
  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

јули 4, 2025
Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

јули 4, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist