Освен дискусиите за цената на синикалните кошнички веќе одамна ја нема синдикалната организираност за новогодишен или јубилеен награден пакет за вработените со долгогодишен стаж во македонските фирми.
Позитивен пример деновиве е односот на охридскиот трговски ланец „Тамаро“ кон своите вработени кои за награда на својата дводецениска посветена работа во фирмата добиле Автомобил и паричен ваучер.
Вакво нешто до сега се нема случено во македонската економија, дури ниту во гигантите „Тинекс“, „Веро“, „Кам“, „Стокомак“ и „Кипер“, иако годишно остваруваат многу поголеми приходи од охридската фирма „Тамаро“.
Тамаро изненади тројца вработени со најдолг работен стаж со ПОДАРОК автомобили и паричен ваучер!
Кои се тројцата што добија неочекуван подарок од Тамаро:
Билјана Стевановиќ
Билјана е дел од „Тамаро“ фамилијата – 22 години. Таа започнала со работа во 2003 година, на позиција агент за продажба. Во моментов е главен менаџер за продажба во Тамаро.
Компанијата „Тамаро“ и’ додели автомобил како ПОДАРОК!.
Билјана Лолеска
Во „Тамаро“ Билјана е цели 23 години. Таа започна со работа во 2002 година, на позиција агент за продажба, а во моментов е главен менаџер на АМ магацинот во склоп на „Тамаро“.
Компанијата „Тамаро“ и’ додели ваучер од 7.000 евра.
Горан Манев
Во Тамаро, Горан започна во 2003 година. Веќе е дел од тимот 22 години!
Тој започна на работна позиција магационер, додека неговиот успех во работата го донесе да биде главен магационер на замрзната роба во комори. Сега работи како контролор на прием на роба во АМ магацинот, како и ускладиштување на робата.
Неговата љубов кон Тамаро и посветеност кон работата заслужено го донесе до ПОДАРОК автомобил!
„Честитки за вработените од менаџментот на Тамаро и им посакуваме на сите останати вработени многу успех во работата и долги години стаж”, пишува во пораката од менаџментот на компанијата.
Ќе стане ли ова пример и за другите компании, долгогодишниот труд на работниците да го наградуваат со вредна награда, а не со луксузно пенкало во кутија, со пакет прехранбени производи од синдикатот, или со благодарница и селфи!?