Студентите денеска организираат голема 24-часовна блокада на Автокоманда, еден на најважните сообраќајни јазли во Белград. Почетокот беше најавен за 10 часот, но според информациите од Белград, студените и средношколците се собираа и порано од договореното. На видеата кои ги објавуваат дел од српските медиуми и на социјалните мрежи, на блокадата се приклучуваат земјоделците кои пристигнаа со трактори и беа бурно поздравени од граѓаните.
KRENULI!
Novi Beograd – Studentski grad ➡️ Autokomanda
27.01.2025.#NoviBeograd #StudentskiGrad #Autokomanda #Studenti #blokade pic.twitter.com/7fhr5Gl841— Jeremija (@4nbgd) January 27, 2025
По Генералниот штрајк во петокот, студентите од Србија продолжуваат со активностите до исполнување на барањата, а тоа е одговорност за падот на настрешницата на Железничката во Нови Сад, објавување на сите документи и апсење и судење на сите кои на протестите ги напаѓаа студентите.
По двата големи инциденти, кога две студентки беа прегазени на блокадите, министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ најави дека полицијата ќе го регулира сообраќајот.
Еве видео од завчерашниот инцидент кога студентка од Замјоделскиот факултет во Белград беше прегазена со автомобил.