„Дискотеката „Пулс“ во Кочани синоќа по настанатиот пожар одзеде 59 жртви.
Првата жртва официјално потврдена и објавена на медиумите е Ѓорги Ѓоргиев – Џочето познат музичар од Струмица, кој свирел на концертот на ДНК во дискотеката „Пулс“..
Струмица завиена во црно. Еден од најталентираните музичари во Струмица, Ѓорѓи Горѓиев трагично го загуби животот од пожарот во Кочани!
Млад, амбициозен, полн со енергија и љубов кон музиката, инспирација за многу млади музички таленти! 🙏🏻
ПОЧИВАЈ ВО МИР ЗЛАТНО ДЕТЕ! 🙏🏻
НАЈИСКРЕНО СОЧУВСТВО ДО ФАМИЛИЈАТА 🙏🏻 – вака се простуваат денес од него струмичани.
Oва е последниот настап на Ѓорги пред струмичани на Балот под маски, на традиционалниот Струмички карневал.