Малиот 7 годишен Јован Насев е фудбалски талент од Гевгелија.
Настапува за тимот AEP AKADEMY PAOK од Грција и денеска учествуваше со својот тим на турнирот ARIDAIA EASTER CUP. Овде одиграа попладнево 4 натпревари и освоија Второ место како клуб и сребрени медали за фудбалерите.
Јован денеска на турнирот постигна 6 голови и три асистенции во одиграните 4 натпревари. Заради ваквата гол реализација Јован беше прогласен за НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ на Турнирот.
Еве го со победничкиот пехар и со медалот за освоеното Второ место со својот матичен клуб. „AEP AKADEMY PAOK“ како позира среќно.
Куриозитет во самата вест е што Јован има 7 години, а настапуваше тимски со свои фудбалски колеги од 9 и 10 години. Значи сите се поголеми од него, родени 2015 година, а кога ќе дојде момент за слободен удар Јован, иако најмал, ја добива честа да бие кон голот. Еве една таква успешна акција, вредна за Еврогол.
Неустрашив кон целта, да стигне до голот и без колебање да ја упати топката во мрежата, таков е настапот на Јован кога е на терен.
Велат „крвта не е вода“. Јован е потомок на некогашниот активен фудбалер на ФК „Кожуф“ од Гевгелија Александар Насев. Гордиот татко не ја крие среќата што неговиот син го има наследено неговиот талент и можноста да биде усмерен на вистински начин да се развива во спортот и фудбалот.
Браво Јоване! Продолжи самоуверено да учиш и да победуваш!

