Во организација на МАССУМ во Кавадарци се одржа Државно првенство во баскет за ученици од средните училишта од Македонија.
На првенството учество зедоа 28 тимови од исто толку средни училишта од државата.
Во силна конкуренција гевгелискиот средношколски тим од СОУ „Јосиф Јосифовски“ го освои ПРВОТО место и победничкиот пехар од првенството.
До финалниот меч со средношколскиот тим од Крива Паланка, гевгелискиот тим оствари победи над екипите на Богданци, Струмица, Прилеп, Скопје. Во финалето „падна“ и Крива Паланка.
Тимот на гевгеличани го сочинуваа: Ристе Букршлиев, Јордан Кузманов, Снежана Димитрова и Елена Тасевска.
Ментор им беше професорот по спорт и спортски активности Влатко Семенаков, а стручни совети и водство имаа од тренерот Апостол Апостолов.
Дека беа добри и експлозивни на паркетот зборува и оваа акција со прецизно подавање на Ристе до Јордан, по што Кузманов подготвено ја дочекува топката во скок и забива кош.
Не е за чудење успехот. Ристе Букрлишев и Јордан Кузманов се дел од македонската репрезентација „Под 18“ години, која го донесе најголемиот успех на македонската кошарка во младинските категории. Заедно со своите соиграчи тие минатата година стигнаа до првото место на победничкиот пиедестал, кое во исто време значеше и „преселба“ во елитната „А“ Дивизија во јуниорска конкуренција.
Инаку, средношколскиот тим на „Ј.Јосифовски“ овој месец освои Второ месо во кошарка на државно првенство во организација на Федерацијата на училишен спорт, а вчера се докажаа дека се неприкосновено најдобри и во Баскет 3х3 со освоеното ПРВО место.
Браво деца, Гевгелија се гордее со Вас!
