вторник, 20, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Протест во Скопје: „Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има“

Протестен марш во Скопје на родителите на загинатите од трагедијата во Кочани, повик до обвинителот и до пратениците со барање за неселективна одговорност за виновниците на трагедијата

април 29, 2025
in MАКЕДОНИЈА
Протест  во Скопје: „Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има“
0
SHARES
32
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денес во 12 часот и 5 минути како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите го започнаа протестниот марш.

Related posts

Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

мај 19, 2025
Пресуда: 12 години затвор за возачот кој ја усмрти Фросина на пешачки премин

Пресуда: 12 години затвор за возачот кој ја усмрти Фросина на пешачки премин

мај 13, 2025

Тага и бес се излеаја од семејствата на настраданите во кочанската дискотека, пред зградата на Јавното обвинителство и пред народното Собрание, на протесниот „Марш на ангелите“ во Скопје, со кој се бара одговорност за една од најголемите трагедии во Македонија. Долг беше списокот со имиња од кои побараа одговорност за прерано загубениот живот на нивните деца. Почнувајќи од функционерите и министрите на актуелната власт, вината ја лоцираат и кај нивните претходници, полициски началници, инспектори, сите оние што дозволиле да функционира шталата 15 години наназад.

Семејствата се сретнаа со Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и тимот обвинители кои ја водат истрагата за трагичниот пожар. Од Обвинителството уверуваат дека истрагата е сеопфатна и дека се разгледуваат сите аспекти на евентуална одговорност.


Одговарајќи на сите поставени прашања и дилеми на блиските на починатите, обвинителите ги уверија дека истрагата е сеопфатна и се земаат предвид сите аспекти на евентуална одговорност за трагичниот настан. На семејствата им беше најавена и динамиката на претстојни распити на оштетените како следна фаза од истражниот процес, соопшти Обвинителството.

Маршот од пред Обвинителство продолжи пред Собрание каде повикаа на одговорност и отставки од пратениците семејствата на загинатите. Овде имаа средба со пратеници од Левица и СДСМ. Најпрво излегоа пратенците на Левица Борис Крмов и Јована Мојсоска, по што и пратениците од СДСМ, по што имаа разговор и со лидерот на опозицијата Венко Филипче.

Семејствата од пред Собрание се упатија кон Министерството за внатрешни работи, каде побараа средба со министерот Панче Тошковски. Родители на жртвите од „Пулс“ влегоа во МВР и му поставија прашања на министерот Тошковски.

Министерот изрази уверување дека правда за овој случај мора да има ако сакаме да имаме нормална држава, посочувајќи дека во интерес на истрагата не може да изнесе повеќе детали во овој момент.

  • „Не сакам политика да правам од ова. Не сметам дека овие деца го заслужуваат ова. Верувајте. Истрагата е се уште во тек. 70 луѓе се досега осомничени. Ова што го говорите го разбирам и го разбирам гневот“, изјави Тошковски.

Тошковски, меѓу другото, посочи дека за случајот досега осомничен е и актуелен министер, актуелен директор на ДЗС и актуелен градоначалник.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Енергетски колапс – 7 Европски држави останаа без струја

Next Post

Тешко повредена жена во сообраќајка во Гевгелија

Next Post
Тешко повредена жена во сообраќајка во Гевгелија

Тешко повредена жена во сообраќајка во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Протест во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

ВИДЕО: Протест во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

2 месеци ago
Првпат станала мајка на 61 година

Првпат станала мајка на 61 година

6 месеци ago
Фудбалерот Ристоовски од Дојран стана дел од тим на АФK „Карпати“, Англија

Фудбалерот Ристоовски од Дојран стана дел од тим на АФK „Карпати“, Англија

2 години ago
Прв  Meѓународен карате турнир „Dojran Open“ во Дојран

Прв Meѓународен карате турнир „Dojran Open“ во Дојран

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци
  • Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција
  • Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

мај 19, 2025
Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

мај 19, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist