вторник, 22, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Двајца средношколци од Гевгелија освоија ТРИ награди на литературни натпревари на ДМЈЛ

Средношколката Тијана Атанасова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија освои ПРВА награда на конкурсот за најдобар есеј, а Костадин Узунов освои ДВЕ ВТОРИ Награди на Државниот натрпревар по литература

јуни 5, 2025
in ФОКУС
Двајца средношколци од Гевгелија освоија ТРИ награди на литературни натпревари на ДМЈЛ
0
SHARES
165
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

На Конкурсот за најдобар есеј по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик – 5 Мај, ученичката Тијана Атанасова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ ја освои првата награда.

Конкурсот беше распишан од страна на Министерството за образование и наука, а темата на која беше пишуван есејот е: „Мојот македонски јазик – мој идентитет, културно наследство и аманет“. Ментор на средношколката победник од Гевгелија е професорката Александра Ќаева.
Ова е наградениот есеј на Тијана

Related posts

Тешка сообраќајна несреќа кај Негорци, гевгелиско

Тешка сообраќајна несреќа кај Негорци, гевгелиско

јули 19, 2025
Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава

Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава

јули 18, 2025

Мојот македонски јазик – мој идентитет, културно наследство и аманет

Аз и ти, растевме заедно – јас со првите зборови, ти со вековите зад себе. Во секоја приказна што ја слушав како дете, во секој стих од песните на моите предци, тивко се ткаеше твојата сила. Македонскиот јазик е коренот на моето постоење, „строен и изразит, вистински белег за македонската нација.“ (Б.Конески) Тој е мојата душа, симбол на мојот културен идентитет, мое богатство кое ме прави комплетна и единствена.

Зборот е Бог, бидејќи на почетокот беше зборот… Така започна сè – со зборот, со јазикот, со мислата која доби облик. Македонскиот збор е мојата татковина. Тоа е јазикот на мојот народ, на моите први зборови, на гатанките со кои растев, на народните обичаи. Тој е коренот од кој сум никната, сенката под која растам и ѕвезда што ќе ме води дур сум жива.

Без буквите, говорот би бил невозможен. Нашата азбука е гласот на спомените, чувствата и соништа. Тоа е крвта, последната мисла на сите кои се бореле, верувале и умирале за Македонија.

Убавината на македонскиот јазик се крие во недопрените тишини меѓу зборовите. Во нив ги слушам зборовите на светите Кирил и Методиј, го чувствувам трудот на Климент, духовната и книжевна традиција на Охридската книжевна школа.

Кога во 1945 година македонскиот јазик бил кодифициран, Блаже Конески изјавил: „Ние ништо не создаваме. Ние само завршуваме…“ Затоа што литературниот јазик не е дело на еден човек, туку историски процес, континуитет… мост и подадена рака што нѐ поврзува со светите Кирил и Методиј, со Охридската книжевна школа, со народното творештво, со македонските писатели од 19 век, со Крсте Петков Мисирков, со Блаже Конески…

Ако сакаме да го заштитиме нашиот јазик, мора правилно да го користиме и да го почитуваме. Мојот македонски јазик е аманет, жарник, светост што треба да ја чуваме, да ја негуваме и да ја браниме.

Тијана – ПРВА награда за најдобар есеј

Вториот носител на литературна награда е средношколецот Костадин Узунов од Гевгелија.

На Државниот натпревар по македонски јазик и литература, Костадин Узунов освои ДВЕ Втори награди

Сојуз на Друштвото за Македонски јазик и литература на Македонија (ДМЈЛ) вчера ги објави конечните резултати од Државниот натпревар по македонски јазик и литература, во Скопје 2025. Ученикот Костадин Узунов од прва година, од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија освои ВТОРА НАГРАДА под менторство на професорката Бисерка Макревска. Оваа награда ја доби во категоријата „Мајчин јазик“.

Првата награда на натпреварот ја доби Јана Филипова, СОУ „Љупчо Сантов“, Кочани, ментор: Александар Димитров, со 95 бодови, а Втората му припадна на – Андреј Ѓеоргиевски, СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово, ментор: Ана Димитровска, со освоени 91 бод.

Костадин од Гевгелија доби 86 бодови од жирито и освои ВТОРА награда.

Костадин со својата менторка

Костадин освои уште една ВТОРА награда, исто на Државен натпревар по македонски јазик и литература за средно образование, вклучително I, II, III, IV година за учебната 2024/25. И на овој натпревар освои 86 бодови и остана награден од ДМЈЛ.

– „Талентираниот ученик од нашето училиште несебично ја покажа љубовта, знаењето и моќта кон мајчиниот јазик и литературата“ – оценуваат од СОУ Јосиф Јосифовски“ Гевгелија..

Им честитаме на наградените средношколци и многу напредок во иднина!

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Ѓоковиќ се избори за полуфинале на Ролан Гарос со „ѕверска“ игра против Зверев

Next Post

ЕХФ донесе одлука: ПЕХАРОТ оди во рацете на АЛКАЛОИД

Next Post
ЕХФ донесе одлука: ПЕХАРОТ оди во рацете на АЛКАЛОИД

ЕХФ донесе одлука: ПЕХАРОТ оди во рацете на АЛКАЛОИД

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Христос Воскресе во храмовите во Грција

Христос Воскресе во храмовите во Грција

2 години ago
Македонија под снег, Гевгелија уште одолева на снежните прогнози

Македонија под снег, Гевгелија уште одолева на снежните прогнози

6 месеци ago
Премија од 1.000.000 денари за младинската ракометна репрезентација на Македонија  за 9 место на ЕП одобри РФМ

Премија од 1.000.000 денари за младинската ракометна репрезентација на Македонија за 9 место на ЕП одобри РФМ

12 месеци ago
ВИДЕО: Гевгелија денес бојкотира!

ВИДЕО: Гевгелија денес бојкотира!

6 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Никола Пеев ВТОР, Елена Давитковска ТРЕТА на Пара атлетски митинг во Србија
  • Свечено отворена Европската Младинска Олимпијада во Скопје, Македонија
  • ВИДЕО: АНТОНИО ПАНДЕВСКИ УСПЕА во својата хуманитарна мисија за болните деца од рак!

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Никола Пеев ВТОР, Елена Давитковска ТРЕТА на Пара атлетски митинг во Србија

Никола Пеев ВТОР, Елена Давитковска ТРЕТА на Пара атлетски митинг во Србија

јули 21, 2025
Свечено отворена Европската Младинска Олимпијада во Скопје, Македонија

Свечено отворена Европската Младинска Олимпијада во Скопје, Македонија

јули 21, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist