Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во арената „Тодор Порески“ одигра без победник 1:1 (0:1) во квалификациите за пласман на Светското првенство со репрезентацијата на Белгија.
Во рамките на Ј групата, Белгија го имаше поседот, повеќе удари кон голто на Димитиревски и повеќе корнери, но Македонија имаше повеќе зрели шанси и еден поништен гол, поради минимален офсајд.
Де Кујпер го отвори резултатот во 29.минута и на тој начин сурово ги казни промашувањата на македонските репрезнетативци.
Maxim De Cuyper | 🇲🇰 North Macedonia 0-1 Belgium 🇧🇪 pic.twitter.com/SwSvqwFKss
— JONERO♏♂️ (@JONERO10) June 6, 2025
Ударот на Барди со крајни напори го одбрани голманот Селс, а во 27.минута најпрвин Елмас ја погоди стативата со одличен удар од 18 метри, топката се одби на ногата на Алиоски кој од 7-8 метри наместо празната мрежа ја погоди стативата.
Во вториот дел Елмас постигна гол во 48-та минута, ВАР веднаш се јави, долго траеше прегледувањето на ситуацијата, на крајот пресудата беше дека Илиевски бил во офсајд и влијаел на играта.
Конечно македонските фудбалери беа наградени за борбената игра во 87-та минута, кога Чурлинов му асистираше на Алиоски, а овој постигна брилијантен гол.
Alioski | 🇲🇰 North Macedonia 1-1 Belgium 🇧🇪pic.twitter.com/ybXCENcAVI
— Goals Xtra (@GoalsXtra) June 6, 2025
И кога сè изгледаше загубено – се случи експлозија во 87-та минута. Бомба на Алиоски и кршење на неправдата! Белгија доби што заслужи – реми. А ние – гордост што не се мери со бодови.

Македонија сега има пет бода од три меча и оди на гостување кај Казахстан. Не се плашиме од никого и играме ама буквално со секого, и тоа добро.
Македонија за три дена ќе гостува во Астана, кај Казахстан, а Белгија ќе го пречека Велс.