Валандово последниов месец како да се претплатил за објави во Полицискиот Билтен на МВР. Го има со прекршоци речиси секоја недела. Имаше случаи за возачи лишени од слобода поради прекумерна концентрација на алкохол во крвта, имаше приведени за дилање дрога со пронајдена бела прашкаста материја, шприц и предмети со остатоци од белата прашкаста материја, имаше приведен жител на валандовско за семејно насилство…. Следува нов случај на прекршок, не евидентиран до сега во полициските анали за Валандово.
Вчера попладне, на 07.06.2025 во 17:15 часот во Полициската станица Валандово, вработена во угостителски објект во валандовско село пријавила дека пред објектот каде што работела, лицето М.У.(38) од демиркаписко се самозадоволувал пред неа.
Додека жените со трибини и кампањи ги едуцираат да препознаат семејно насилство и да го пријават, мир од насилници нема ниту на работното место, во најновиот случај во валандовско.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.