Ридиштата на Дојран и дојранско се сведоштво за борбените дејствија во текот на Првата Светска војна, бидејќи овде била линијата на фронтот, која денеска ја исцртуваат напуштените бункери од минаиот век и ридести терени кои кријат неексплодирани мини од тоа време.
Но, се случува и жител на дојранско при работа во двор да пронајде неексплодирана експлозивна направа, која исто сведочи дека и на теренот на денешните урбани населби постоеле вооружени војнички распоредувања.
Вчера, на 24.07.2025 во 20.30 часот во Полициското одделение Нов Дојран, Ж.К.(65) од Скопје пријави дека околу 17:30 часот во дворно место од неговата викенд куќа во Нов Дојран пронашол експлозивна направа.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Штип ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за неексплодирана граната калибар 70 мм која потекнувала од Првата светска војна.
Ваква граната од минатиот век, оружје користено во воените дејствија од ПСВ беше пронајдена и на терен на пожарот кај с.Николиќ, дојранско на 17 јули. Среќа беше што огнот не ја зафатил и неексплодирала, во период кога траеше акцијата за гаснење на пожарот кај Николиќ.