Свесната и брза интервенција на вработените во Железничка станица Гевгелија беше пресудна за сузбивање на огнената закана.
Пожарот изби во 14:12 часот со благо димење во тревникот, а искрата која пламна во оган рашири огнена маса која за 5 секунди изгоре сува трева на површина од околу 8 м2.
Ова е пожар во урбана средина, не евидентиран во ТППЕ Гевгелија зошто железничарите сами му пресудија за неполна минута.
Згариштето кое остана да чади беше посипено и со кофа вода, со што пожарот беше целосно елиминиран.
Браво за вработените во ЖС Гевгелија!
❌Внимавајте каде фрлате опушоци од цигари!