Четвртиот натпреварувачки ден од Меморијалниот турнир во баскет „Иван Пенов“ ќе ги донесе на терен екипите кои што се пласираа во полфиналните дуели во категоријата „женски“ и „јуниори“, како и четвртфинлните дуели во најбројната категорија на „сениори“.
Во полуфинале се пласираа екипите на „Прима баскет“, „Red Tigers“, „Јуми“, „Дон Андон“, „Бербер Зајков“, во категорија „Женски“ и Кафе бар „Fame“, Автошкола „Прима“ и „Јуми“ во категорија „Јуниори“..
Во четвртфинале ќе настапат екипите на: Автоделови „Торпедо“, Казино „Фламинго“, Електро „Петар“, „Клик“, „Cabrela cofe“, слаткарница „Шар планина“, „Итек“ и „Бојмалиев Homemade“ во категоријата „Сениори“.
Свој настап во полуфинале ќе имаат и натпреварувачите во „3point“.


Четвртиот натпреварувачки ден ќе се одигра утре 3 август на игралиштето „Иван Пенов“ со почеток во 19:30 часот.
Први на теренот ќе истрчат екипите на „Прима баскет“ и „Red Tigers“ кои ќе се борат за пласман во финале, од натпреварувањата во женска категорија.
Организатрот на турнирот во име на семејството Пенови, Патар Николов не ја крие возбудата од добрата игра која ја најавуваат разиграните млади состави присутни на теренот, сите со мисла дека ќе бидат успешни, дека ќе бидат победници, или освојувачи на некои од пехарите обезбедени за првите три најдобро пласирани екипи на турнирот во сите три категории.
Бидете таму, во спомен на прерано починатиот Пена (04.08.2003 – 20.02.2021), навивајте за кошарката и најдобрите на теренот!