петок, 20, ноември 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home SHOWBIZ

Концерт на ЗИЈАН – ја исполни Гевгелија и срцата на гевгеличани со музика

ВИДЕО: Атмосфера која ја разнежи Гевгелија и ја однесе во детството, младоста, гитаријадите, концертите, игранките со звуците на безвременскот рок состав „ЗИЈАН“

август 8, 2025
in SHOWBIZ, Музика
Концерт на ЗИЈАН – ја исполни Гевгелија и срцата на гевгеличани со музика
0
SHARES
297
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Со својата самоувереност и гордост групата „ЗИЈАН“ од Гевгелија синоќа настапи пред својата најверна и најсакана публика, гевгелиската, во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025“ и покажа дека уште ја имаат есенцијата да забавуваат, да полнат концертни простори, да музицираат и измамуваат аплаузи од задоволната публика.

Плоштадот Гевгелија беше преполно шеталиште од млади и стари, големи и мали, сите во очекување да зафатат простор пред концертниот почеток на „зијанци“.

Related posts

Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

ноември 19, 2026
ВИДЕО: Големо и гласно збогување од Мишо Ковач на Пољуд, во Сплит, Шибеник..

ВИДЕО: Големо и гласно збогување од Мишо Ковач на Пољуд, во Сплит, Шибеник..

ноември 4, 2026

Настанот беше вистинско доживување за генерациите кои ги памеат нивните 43 години сценски растеж, песни, евергрини, рефрени, потсетување на новите генерации на духот на еден живот, исполнет со гитаријади, концерти, игранки…
“Деца бевме” пее Ацо Митров потсетувајќи ги сите на сентименталното време од времињата пред 30 – 50 години наназад, во детството, безгрижноста, младоста, растежот.

Составот годинава е без нивниот долгогодишен член Ристо Ќорнаков, но остануваат песните компонирани од него кои оставаат незаборавен белег во репертоарот на ЗИЈАН.

На сцената прозвучија синхронизираните инструментални изведби од познатите песни на „Зијан“ изведени од членовите: Ацо Митров (гитара и вокал), Коце Динев (гитара), Ане Динев (тапани), Кирил Зарлинов (клавијатури).

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2025/08/528219076_24507256792240541_9185090311581297707_n.mp4

Зијан е македонска рок музичка група од нашиот град Гевгелија, (некои велат смоквичани, зошто имаат семејно потекло од с.Смоквица, гевгелиско). Нивните почетоци датираат уште од 1978 под името „Трета Смена“, кое наскоро го променуваат во Зијан. Својот прв настап го имаат во 1981 година во Скопје како прегрупа на бендот „Видеосекс“. Победуваат на „Гитаријадата“ во Заечар, со што успеваат да го снимат својот прв демо-албум во Белград. Најзапаметена ќе остане нивната песна „Пушти коси“, која е класичен пример за вметнување на мотиви од фолклорното творештво во рок-музиката. Добитници се на златна плакета од градот Гевгелија.

Гевгелија Ве памети, Гевгелија Ве сака, Гевгелија очекува ново концертно издание од своите миленици од „ЗИЈАН“!

Предконцертна атмосфера на гевгелиското шеталиште – Гевгеличани чекаат да настапи „ЗИЈАН“
ShareTweetShareSend
Previous Post

Два пожара во с.Негорци за два дена

Next Post

Средновечен гевгеличанец пронајден мртов во својот дом

Next Post
Средновечен гевгеличанец пронајден мртов во својот дом

Средновечен гевгеличанец пронајден мртов во својот дом

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Четири градежни фирми од Гевгелија со одземени лиценци од Министерството за транспорт

Четири градежни фирми од Гевгелија со одземени лиценци од Министерството за транспорт

2 години ago
Јован Насев постигна 10 гола на турнирот „ELITE NEON CUP“ во Атина

Јован Насев постигна 10 гола на турнирот „ELITE NEON CUP“ во Атина

3 недели ago
ВИДЕО: Германец го открива Балканскиот Лас Вегас – Гевгелија

ВИДЕО: Германец го открива Балканскиот Лас Вегас – Гевгелија

12 месеци ago
БОШ Фестивал по 17 пат во Гевгелија

БОШ Фестивал по 17 пат во Гевгелија

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари
  • Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони
  • Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари

Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари

ноември 20, 2026
Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

ноември 19, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist