Германец кој го учи македонскиот јазик шета низ Македонија и ги покажува убавите места. Ја посети и Гевгелија и вели: „Шо ќе ти е Лас Вегас кога ја имаш Гевгелија!“
Ова е прашањето што му се наметнува на германскиот граѓанин откако го открил градот на југот со најголем број казина, објекти за игри на среќа, кладилници, обложувалници, нашата Гевгелија.
– „Овде се одвива еден нов Балкански бизнис – земаш брз кредит, одиш во казино и губиш се’. Потоа одиш во аптека зошто ќе те заболи глава. Затоа ли има толку аптеки во градот, по три аптеки на една улица?“ констатира германскиот граѓанин.
Бројните светлечки реклами на казината во Гевгелија го натерале да заклучи: – „Го имаме Лас Вегас дома, во Гевгелија!“ – оценува германскиот посетител шетајќи низ Гевгелија.
Германецот од Гевгелија има свое мислење за казината па отука порачува: „Не одете во казино! НЕ одете!“
Кое е Вашто мислење за ваквиот приказ на Гевгелија?




















