Пријателства за век, кои создаваат врски помеѓу генерациите во некогашните југословенски републики Босна и Херцеговина и Македонија. За овој свет на поврзаност и разбирање зборува Дијана Кукољ, претседател и кореограф на ансамблот „Неретва“ кој вечерва настапува на сцената во Гевгелија.
Фолклорниот ансамбл „Неретва“ е еден од учесниците на Меѓународниот фолкорен фестивал „Гевгелиска везилка” кој годинава се одржува по втор пат во Гевгелија во организација на гевгелискиот Ансамбл „Бојмија”.
ФА „Неретва“ активно делува, работи и настапува од 1994 година. Организатори се на Меѓународните фолклорни смотри во Јабланица, како и Фестивалот за пејачи аматери „Гласт на Неретва“. Овој ансамбл со своето 32 годишно искуство се најде на листата на учесници на свеченото отварање на EYOF-a 2019 година.
Најверен учесник на нашите културни манифестации е Ансамблот од Јабланица, Босна и Херцеговина, град, односно општина со која што Општина Гевгелија е збратимена веќе 18 години.
За културниот настап на ФА „Неретва” зборува Дијана Кукољ, претседател и кореограф на ансамблот од Јабланица.


















