Младата двократна првенка по атлетски повеќебој на Државните спортски игри за лица со инвалидитет, Тамара Гошева од Валандово, членка на ЗГ „Мобилност“ Гевгелија минатата недела стапи во брак со својот избраник Горан Димов од Валандово.
Таа е посветен спортист, државен првак во атлетски повеќебој, (фрлање копје, диск, ѓуле) за 2024 и 2025 година, носител на еден златен и еден сребрен медал од Меѓународниот параатлетски митинг „Загреб Опен 2025“, член на парарепрезентацијата на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025 во Хрватска, каде поради немање доволно предизвикувачи на терен во нејзината категорија остана без медал, иако со најдобри резултати, горд носител на златни медали и неуморен борец на теренот.
Со својата младост, спортски дух и ентузијазам владее самоуверено на спортските терени. Спортот ја искали да верува во себе и својата сила, да биде градител на сопствената судбина. Така, Тамара со посветеност и љубов влегува во ново поглавје од животот, во љубов и заедноштво со нејзиниот избраник, каде силата и вољата на оваа млада жена може да донесат само успеси и радости.
Среќно Тамара! Ти посакуваме нови животни победи, среќа во бракот и долговечна љубов, па да ја пренесеш својата спортска истрајност и на новите поколенија!




СРЕЌНО МЛАДЕНЦИ!
P.S.
Ние немаме Холивудски ѕвезди, ниту Пинк ѕвезди во Македонија, ниту во Југот, затоа пишуваме за „Ѕвездите од нашиот живот“, за луѓето од нашите средини кои во срцата носат човечка големина, за нивната истрајност и себенадминување.



















