Тридневните минусни температури во текот на ноќта во Гевгелија завршуваат заклучно со денешниот ден. Градот се разбуди на 0,1 степен целзиусов, а денот ќе донесе температура од 14 степени, и ноќна од 4 степени по Целзиус.
На планинската убавица Кожуф снег на врвовите и лед на осојните места.
Новогодишната ноќ во Гевгелија помина во ладен бран и ги застуде ноќите од -5 степени, првиот и вториот јануарски ден со -6 и -4 степени ноќна температура.
Денес времето останува променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Следната недела под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно и потопло со двоцифрени дневни температури, со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат кон средината на следната седмица. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во пораст, особено утринските кои насекаде ќе бидат позитивни.
Имајте убав саботен ден и убав викенд!





















