Годината ни’ започна со принови – новороденчиња, првата е Јована родена 1.01.2026 во гевгелиската болница, а ова е СТЕФАН новороденче кое дојде на свет во Кавадарци, а наше гевгеличанче.
Ова на фотографијата е СТЕФАН, второродено бебе, жител на Општина Гевгелија со неговата мајка Соња која го роди вчера на 1 јануари 2026 во болницата во Кавадарци.
Стефан е радосниот подарок за Новата Година на таткото Ангел и мајката Соња, инаку млад брачен пар од Негорци.
Нахрането, стоплено, заспано во прегратките на мајката Стефан го започнува животното поглавје на првиот ден од годината. Нека му донесе радости во животот.
Нека е живо и здраво и да расте во љубов и слога нашето ново гевгеличанче.




















