Денеска низ улиците на Неготино се одржа Првата празнична трка „ПроМили 2026“ на која настапија над 330 учесници, а меѓу нив докажаните атлетски сили на АК „7 Ноември“ од Гевгелија.
Најтрофејни беа децата од „Школата за атлетика“ кои освоија 4 (четири) подиуми:
1. АНА БЕГОВА – освои ПРВО место на трка од 5 километри во својата генерација 2013-2019, (инаку Ана е родена 2014 години и има во моментот 11 години);
2. АНА БЕГОВА освои ТРЕТО место на трката за жени 5 км во севкупна конкуренција, со време од 21 минута и 24 секунди, (за 9 секунди побавна од носителката на Второ место, Душица Јанковиќ, инаку 16 години поголема од Ана);
3. МАКСИМ АНГОВ – ПРВ на трка од 5 км во својата генерација (роден 2013 год.) со време 19 min и 19 sek.
4. ЃОРГЕ ПАПУЧИЕВ – ВТОР на трката од 5 км во својата генерација (роден 2013г.) со време од 19:22 мин, само за 3 секунди побавен од Максим.
Ана-ПРВА во својата возрасна категорија на 5 kmAНА – ТРЕТА во севкупна конкуренција жени 5km
Ова се новите генерации атлетски сили од Гевгелија, за кои пишуваме речиси секоја втора недела за нивните постигнувања. Па ако тие имаат време за тренинзи, натпреварувања, трки и победи, ние треба да најдеме време барем да ги запознаеме достигнувањата на нашите деца-рекордери од Југот.
Треба да нагласиме дека Максим победи, а Ѓорги освои второ место во категорија на деца до 14 годишна возраст, а и двајцата имаат по 12 години. Ова е успех!
Максим ПРВ во генерација U14 – 5km
Во генерацијата U14 од Гевгелискиот АК „7 Ноември“ настапија и атлетичарите:
1. Ристе Јованов (2013)- резултат 22:24 мин. – освои 4 место;