Најмалите фудбалери од активниот подмладок на ФК „Кожуф“ Гевгелија, генерација 2018, значи 7 и 8 годишни дечиња, денеска ја додесоа првата фудбалска радост од учеството на Првиот Интернационален Мастер Куп во фудбал 2026 кој се одигра од 22 до 24 мај во општините Гевгелија, Валандово и Дојран.
Овие мали фудбалерчиња, машинчиња на терен денеска во одигрувањето на дуелот за трето место го освоија пехарот кој ги однесе на подиумот за ТРЕТО место во генерација U8.
Радоста е голема за носителите на пехар од Гевгелија:
Малите гевгелиски фудбалери се натпреваруваа во „Групата А“ и вчера со одигрувањата во деновите 22 и 23 мај завршија на второ место на табелата со 9 бода при остварени три победи, без одигран реми натпревар и еден пораз. ФК „Кожуф 2018“ имаше реализирано 14 гола, а примено 8.
Први на листата беа ФК „Црвена Звезда“ од Белград, Србија со 12 бода, 38 постигнати гола и 2 примени.
Нашите „кожуфци“ од Гевгелија победите ги постигнаа против екипите:
1. ФК „Кожуф“ – „Libra Kids“ – 3 :1
2. ФК „Кожуф“ – FC „YOUNG BOYS“ – 4 : 1
3. ФК „Кожуф“ – FK „CRVENA ZVEZDA“ – 2 : 6
4. ФК „Кожуф“ – ФК „Дојранско езеро“ – 5 : 0.
Во 1/4 финалето ФК „Кожуф“ играше против AP BRERA и оствари победа од 3 : 1.
Тоа ги однесе до 1/2 финалето каде првиот дуел го имаа против најсилната екипа во групата, FK „CRVENA ZVEZDA“ од Београд и реализираа резултат од 10:0 за Ѕвездашите. Така „кожуфци“ останаа со шансата да се борат за третото место.
Во натпреварот за трето место се сретнаа на терен со FC „SHKUPI“ и овде реализираа победа од 3:0.

Тоа е се’ народе: 7 натпрвари, 5 победи, 2 пораза (единствено од ФК „Црвена Звезда“) со 20 голови реализирани во мрежата на противникот и 19 примени гола.
ВАЖНО – ПЕХАРОТ за ТРЕТО МЕСТО го ОСВОИЈА децата од ФК „КОЖУФ“ генерација 2018!
Оваа генерација фудбалери веќе две години тренира со професионалниот тренер и поранешна фудбалска репрезентативка на Македонија и помошник селектор на U18, Бојана Танова. Таа беше отсутна за време на одржувањето на турнирот па малите фудбалери беа водени на турнирот, бодрени за време на натпреварите под менторство на тренерите Трајче Ников и Тодор Петков.

Браво за децата и за нивниот тренер и посветените ментори!
Инаку ФК „Кожуф“ на Интернационалниот турнир учествуваше со генерациите U15, U16, U17, U18 но само најмалите U8 освоија подиум и ТРОФЕЈ!
БРАВО, БРАВО, БРАВО!




















