На платото пред Домот на културата во Гевгелија стои стамената спомен биста на гевгелискиот уметник, прфесор, историчар, книжевник и најброен концерт мајстор со хавајска гитара во светот.Илија Џаџев.
Тој вечерва имаше несекојдневно друштво, младите членови од Фолклорниот ансамбл „Неретва“ од Јабланица, Босна и Херцеговина кои гостуваат во Гевгелија за настап на Меѓународниот фолклорен фестивал „Гевгелиска везилка 2026“, седнаа до него да се запознаат со оваа гевгелиска културна величина.
Пред настапот младите фолклористи љубопитно се запознаваа со спомен бистата, нејзиното присуство пред храмот на културата, за човекот кој заслужил да ги пречека во бронзена форма и да им ги подели спомените за својот живот, музицирање и културен придонес за Гевгелија и Светот. Тие се млади, забележаа дека Џаџев починал 1991 година, кога беснееше војната во Босна, кога тие изгубиле членови на своите семејства. Љубопитството го споделија Алдин Шекич (десно), Ајдин Џулиман (лево) и девојката Џенеса Шчуг.

Јабланица е град збратимен со Гевгелија веќе 18 години и редовен посетител на поважни културни и спортски настани во нашата Општина.

А, еве подоцна како фолклористите ја исполнија својата културна мисија настапувајќи пред публиката во Гевгелија, побогати за едно гостување, побогати за едно сознание за градот домаќин за тоа дека имал еден уметник алтруист и хуманитарец од невидени размери што тие го запознаа постхумно.
Илија Џаџев (1926-1991) беше познат во светот по своите над 8000 бесплатни концерти за секаков вид публика, работници, бригадири, болничари, породилишта, … сите за него беа вредни за неговата уметност и музиката со која го облагодаруваше светот.
Идејата за негова биста беше дел од Програмата за култура на општина Гевгелија уште од 2007 година и во 2025 година, после 18 години одлагања се оствари.
Илија Џаџев е роден гевгеличанец, но со уметничките хуманитарни концерти стана граѓанин на Светот со кој Гевгелија се гордее!
Почесно место за овој голем гевгеличанец е влезот пред храмот на културата Народниот театар во Гевгелија.



















