Синоќа на 10 минути пред полноќ лишен е од слобода млад 27 годишен жител на Гевгелија.
Акцијата ја спроведоа полициски службеници од ОВР Гевгелија.
Во полицискиот извештај на МВР стои наведено дека:
– „На 16.08.2025 во 23:50 часот пред угостителски објект во с.Миравци, полициски службеници од НККР Гевгелија го лишија од слобода В.Т. (27) од Гевгелија затоа што кај него пронашле бела грутчеста материја“.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.