Во пресрет на Денот на општината, Денот на ослободувањето на Гевгелија, 7 ноември, градот на југот претпразнично небесно украсен со полна месечина и памук облачиња.
Во ваква тивка ноемвриска ноќ точно пред 81 година Гевгелискиот партизански одред “Сава Михаилов” ги правел последните подготовки на Кожуф планина за утрешното влегување на територијата на Гевгелија и нејзино ослободување од фашистичкиот окупатор, а следниот ден, на 7 ноември 1944 година воспоставена е народна власт.
Месечината денес изгреа во 15:57 часот, а ќе зајде пред зори, во 05:53 часот.
Спиј слободно граду наш убав, спиј слободна Гевгелија!




















