На 12.11.2025 во 00:16 часот на ул.„Маршал Тито“ во Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.М.(54) од Богданци.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Фолксваген“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,86 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настаните, против лицето ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Вакво полноќно патешествие кое завршило со притвор поради возење во алкохолизирана состојба и безобзирно управување со моторно возило во текот на изминатава ноќ, МВР јавува дека имало случај со уште 2 лица:
– А.Г.(40) од с.Јанковец, ресенско кој возел патничко возило „фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, со 1,56 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, констатирано на 11.11.2025 во 23:40 часот на ул.„Ј.Јосифовски“ во Ресен, и
– Б.К.(38) од с.Велешта, струшко е лишен од слобода бидејќи при контрола во сообраќајот со радар, на 11.11.2025 во 12:22 часот, било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час.




















