четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

„Пчеларство Цветковиќ“ Гевгелија – 29 кратен ЗЛАТЕН рекордер на мед

Нема ниту една деценија како се занимава со одгледување пчели и производство на мед, а веќе има освоено 29 трофеи, од кои 25 златни медали и 4 пехари за севкупен победник на Меѓународни саеми за квалитетен мед

ноември 14, 2025
in ФОКУС
„Пчеларство Цветковиќ“ Гевгелија – 29 кратен ЗЛАТЕН рекордер на мед
0
SHARES
985
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Пчеларот Марјан Цветковиќ од Гевгелија, сопственик на „Пчеларство Цветковиќ“ е гевгелискиот рекордер по освоени награди за квалитетен мед на бројни домашни и меѓународни саеми на мед.

До сега има освоено 29 одличја, од кои златни 24 златни и 1 сребрен медал за најдобар мед (ливадски, планински, медовина) и 4 пехари за севкупен победник на саемите за мед на меѓународно ниво

Related posts

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

август 12, 2026

Само годинава Марјан со своите лично производени видови мед освои три пати по 3 златни медали, вкупно ДЕВЕТ ЗЛАТНИ МЕДАЛИ:
– На „Агро саем Струмица 2025“, освои ТРИ ЗЛАТНИ МЕДАЛИ за најдобар „Медлика мед“; за „најдобар ливадкси мед“ и „најдобар планински мед“
Овој резултат го освојува и повторува во низа од 2022, 2023, 2024 и сега во 2025 година. Што значи, неприкосновен победник кој трае, со формула за квалитетен мед која опстојува и победува.

– Следните ТРИ ЗЛАТНИ МЕДАЛИ годинава ги освои на Меѓународниот саем за мед во „тузлански катон“, Босна и Херцеговина каде доби Сертификат за златен медал за „најдобар мешан мед“ и две златни медали за најдобар медликовац“.

Три ЗЛАТНИ медали за Марјан Цветковиќ и „Пчеларство Цветковиќ“ Гевгелија во Тузла, БиХ

– На 56-от Собир на пчелари во Девојачки бунар, Војводина, Марјан освои повторно ТРИ ЗЛАТНИ МЕДАЛИ за „најдобар ливатски мед“, „за најдобар планински мед“ и за „Најдобра медлика“.

Девет медали во една година е годинашното достигнување на „Пчеларство Цветковиќ“ со своите слатки пороизводи во соработка со плечите.

– „Со пчеларство започнав да се занимавам од 2016 година, на почеток со 6 пчелни семејства, а денеска 2025 година ги имам веќе 50 пчелни семејства од кои добиваме ливадски мед, планински и медлика мед. Годишното производство е околу 350 до 500 кила мед се зависи од годината. Годинава постигнавме рекордна количина од еден тон. Тоа не прави горди на постигнувањата, а наградите, медалите и пехарите само потврдуваат дека тоа што го работиме е квалитетно.

За квалитет признат и од меѓународни стручњаци и технолошки експерти за органолептички анализа нема проблем да најде место на пазарот, а купувачите да ги препознаат по вкусот, бојата, квалитетот. Така и Марјан ќе ја заслади Гевгелија и соседните мупувачи низ маркетите со слатките медовини „позлатени“ на меѓународни натпревари за квалитет на мед.

Квалитетот не се добива со седење дома и броење кошеви со пчели и наполнети тегли мед дома. Марјан посветено ги следи навиките на пчелите, потребите од испаша, ги следи сезоните на цветање, ги лоцира богатите и чисти ливади во подкожуфските предели околу Гевгелија, а кога ќе процветаат шумските ливади ги носи на испаша и на Кожуф планина. Највисока и најчиста точка на испаша за пчелите му е „Асан чешма“ на околу 1.300 метри надморска висина.

Пчеларникот на Цветковиќ на Кожуф планина

Значи, квалитетниот мед се добива и со квалитетна и чиста испаша на нејзиното величество пчелата.

Малку време му требало на Марјан да го ухода целиот процес од вдомување на пчелите, испаша, до производство на мед. Веќе во 2022 настапува самоуверено на саеми на производители на мед и на истите се „закитува“ со медал.

– „Првиот натпревар на кој учествував беше во Струмица на Агро Саем Струмица – „Меден Балкан“ во 2022 на кој освоив едно Сребро за ливадски и две Злата за планински и шумски мед, 2023 освоив три златни медали, 2024 три златни медали за најквалитетен мед, 2025 три златни медали од вкупно 310 учесници.

Минатата 2024 година учествував во Босна во Тузла на два меѓународни натпревари за оценување на мед „Тузлански Кантон“ и „Нектар“ Тузла на кој добив сертификати – златен медал за Ливадски, Медликов и Мешан мед,
а оваа година 2025 во Тузлански кантон освоив три златни медали за најдобар Медликов и Мешан мед од фкупнно 740 пчелари.

Горажде Босна исто така три златни медали за најдобар Медликов Ливадски и Планински мед.
Академија Пчеларства Србија 2025 три пехари за Медликов и Ливадски мед.
Девојчки бунар 2025 три златни медали за ливадски, планински и Медликов мед.
Брчко Босна 2025 шампионски пехар за најдобар планински мед и три златни медали за ливадски планински и Медликов мед“ – вели гордо медалоносецот Марјан Цветковиќ.

Вкупниот број на освени награди на Марјан Цветковиќ е 29 (24 златни медали, еден сребрен и 4 пехари за севкупен победник)

Што да кажеме повеќе за ваквите награди, производни рекорди, освоените медали, златните пехари.
Скромниот Марјан ќе ви каже дека пчелите го одржуваат животот на планетата со својата посета на ливадите, дрвјата, цветовите, а тој нектарот од природата со помош на пчелите го претвара во комерцијален производ, тегла здрав, вкусен и многунаградуван за квалитет мед од поднебјето на Гевгелија.
Вам Ви останува ако не верувате да вкусите и да уживате во сонцето на Гевгелија спакувано со помош на пчелите и Марјан Цветковиќ во меден производ и тегла мед што можете да ја понесете дома, да ја подарите, да ја вкусите за здавје.

Нека Ви е на здравје!

Марјан со Атиџе од „Медена земја“ – таа стаса до Холивуд, Марјан до следното оценување за ново злато

ПЕХАР за Севкупен победник на Саемот на мед во Брчко, 2025

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Ведрана Рудан: „Повеќе ми е потребен зборот на добар човек отколку морфиумот“

Next Post

ДВЕ награди за Средношколецот Костадин Узунов од Гевгелија на 58-те „Рацинови средби“

Next Post
ДВЕ награди за Средношколецот Костадин Узунов од Гевгелија на 58-те „Рацинови средби“

ДВЕ награди за Средношколецот Костадин Узунов од Гевгелија на 58-те „Рацинови средби“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Богојавление во Гевгелија – најбрз и најсреќен беше Теодор Цветков (29г.)

Богојавление во Гевгелија – најбрз и најсреќен беше Теодор Цветков (29г.)

3 години ago
Градска чешма – 70 години урбана историја на Гевгелија

Градска чешма – 70 години урбана историја на Гевгелија

10 месеци ago
Претседателски избори 2024 – Ден за гласање

Претседателски избори 2024 – Ден за гласање

2 години ago

Плакета за Никола Пеев – најдобриот пара-атлетичар во Македонија

10 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist