четврток, 1, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home SHOWBIZ

ВИДЕО: Добрила Чабриќ- Дојран е злато! Дојран е за мене терапија!

ВИДЕО исповед на македонската уметничка дива со интернационална кариера, која пензионерски ужива во Дојран

јули 25, 2026
in SHOWBIZ, ЖИВОТЕН СТИЛ
ВИДЕО: Добрила Чабриќ- Дојран е злато! Дојран е за мене терапија!
0
SHARES
221
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Дамата која својот богат, екстравагантен, бурен и меѓународен уметнички живот, од Македонија, до Србија, Франција, Париз, Москва, Русија, Кипар, Бугарија… ја привлече убавината на Дојранското езеро и овде ја напиша својата автобиографија „На пат до 100-та“ Добрила Ивановска Чабриќ, деновите на активна и славна пензионерка ги поминува во Стар Дојран, опкружена со убавата дојранска клима, дојранско сонце и мирисот и свежината која ја носи езерото Дојранско.

Деновиве, под јаворовите сенки, Добрила ги изнесува своите искрени воодушевувања од својот избор да живее во Дојран. Вели: „Дојран е злато. Дојран е мојата терапија, Еве овде за 15 месеци јас ќе наполнам 100 години живот!“

Related posts

Бојан Велевски со големата турнеја доаѓа и во Гевгелија

Бојан Велевски со големата турнеја доаѓа и во Гевгелија

септември 28, 2026
Подвиг стар половина век – Ице Дојранлиев го преплива Дојранското Езеро

Подвиг стар половина век – Ице Дојранлиев го преплива Дојранското Езеро

септември 26, 2026

Можеби пресуден фактор имааат долговечните наследни гени на Добрила, но оваа наша, а светска уметница одбра еликсирот на својот живот да го полни со убавото, топло, полно со јод, мирно и тивко поднебје на Дојранското езеро.

Добрила Чабриќ е животворен пример на позитива, ведрина, жена отворена и насмеана кон животот која професорски не’ учи дека ведрината и позитивниот пристап кон животот ја полнат нашата душа со енергија и долговоченост. Вели дека е „имуна на болести“, но е магнет за разговор, а преферира помладо друштво зошто нејзината генерација вели дека се „спори“ за неа и ретко активни како што таа го практикува животот.

Добрила е родена на 1 февруари 1928 година во Бадриќ, тогаш во кралството на СХС, со глума и пеење започнала да се занимава уште од 1946 година дебитирајќи во Македонскиот Народен Театар и се’ уште е активна.

Добрила во својот дом во Стар Дојран

Добитничка е на наградата на Народна Република Македонија, за најдобра женска улога, за улогата на ликот Графира во „Волци и овци“, како и наградата за Радиодифузијата на денон на југословенското радио. На Радио Скопје заедно со Петре Прличко ја воделе емисијата „Весела вечер“.

Во 2012 година, на 85 годишна возраст, Добрила по долгогодишна пауза се враќа на театарската сцена со монодрамата “Методот на Мис Маргарида” од Роберто Атајаде, во режија на Виолета Џолева со која добива специјална награда на Меѓународниот фестивал на монодрама во Битола.
Во 2018 година на 90 години победува на телевизиското музичко шоу “Никад није касно” со најголем број гласови од публиката. На 22 издание на “Еврофест” и беше доделена наградата за севкупно музичко творештво.

Шармантната Добрила има свој посебен ритуал за врвна свежина и топ форма – природен пијалак кој сама го приготвува — домашен чај од смоквин лист, во кој таа буквално се колне за својата долговечност.

СРЕЌНо до 100-ка Доби, па терај и понатаму!

ShareTweetShareSend
Previous Post

ПРЕСУДА: 18 години затвор за убиецот на Мамли, Васил Режак од Дојран

Next Post

Во еден ден два пожари на отворен простор во гевгелиско

Next Post
Во еден ден два пожари на отворен простор во гевгелиско

Во еден ден два пожари на отворен простор во гевгелиско

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Празничен поздрав од гевгелиски боеми

Празничен поздрав од гевгелиски боеми

2 години ago
Сеќавање: НИКОЛА  ГЕЛЕБЕШЕВ – По егејска линија преселба во МИК, го одбива „Олимпик“ за да се врати во Кожуф

Сеќавање: НИКОЛА ГЕЛЕБЕШЕВ – По егејска линија преселба во МИК, го одбива „Олимпик“ за да се врати во Кожуф

3 години ago
Денес е денот на мироносните сестри Марта и Марија

Денес е денот на мироносните сестри Марта и Марија

2 години ago
ВИДЕО: Падна првиот снег во Македонија

ВИДЕО: Падна првиот снег во Македонија

12 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи
  • Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026
Во Македонија 54% од населението се пушачи

Во Македонија 54% од населението се пушачи

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist