петок, 20, ноември 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

ПРЕСУДА: 18 години затвор за убиецот на Мамли, Васил Режак од Дојран

Гевгелискиот Суд пресуди 18-години затвор за дојранчанецот кој крвнички до смрт го претепа својот пријател

јули 24, 2026
in ФОКУС
ПРЕСУДА: 18 години затвор за убиецот на Мамли, Васил Режак од Дојран
0
SHARES
3.2k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Основниот суд во Гевгелија му изрече казна затвор од 18 години на 56-годишниот Васил Режак од дојранското село Сретеново, кој беше прогласен за виновен за кривичното дело „убиство на свиреп начин“. Станува збор за првостепена пресуда, а обвинетиот ќе остане во притвор до нејзината правосилност.

Според обвинението, осомничениот на први ноември 2025, попладнето, во близина на угостителски објект во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла го лишил од живот Никола Тимев, познат помеѓу сограѓаните како Мамли.

Related posts

Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

ноември 19, 2026
Иновација на средношколци од Богданци – „MediGuard Box“

Иновација на средношколци од Богданци – „MediGuard Box“

ноември 19, 2026
Никола Тимев (53 год.) со прекар Мамли е жртвата од свирепиот пријател-убиец

Како што е наведено во обвинителниот акт, Тимев и Режак претходно биле пријатели. Критичниот ден заедно седеле на скалите во близина на објектот и пиеле, но во еден момент меѓу нив настанала вербална расправија која прераснала во физичка пресметка.

Обвинителството тврдеше дека Режак најпрво го удирал Тимев со раце и нозе, а потоа и со метална шипка, нанесувајќи му повеќе од десетина скршеници на рацете, нозете и черепот. Од ударите, кои според обвинението траеле речиси половина час, оштетениот не успеал да се одбрани, при што се здобил со тешки телесни повреди и обилно крварење.

По нападот, обвинетиот го оставил Тимев на скалите и побегнал од местото. Повредениот подоцна бил забележан од случајни минувачи, кои повикале итна медицинска помош. Тимев бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, но починал како последица на здобиените повреди.

Пресудата на Основниот суд во Гевгелија е првостепена и странките имаат право на жалба пред надлежниот второстепен суд.

Убиениот Никола (лево) во друштво со пријателот-убиец Васил Режак (десно горе со капа)

Ова го објави GevgelijaNet за несреќно завршеното пријателство со убиство:

Никола Тимев (53 год.) со прекар Мамли е жртвата од свирепата тепачка во с.Сретеново, дојранско.
Тепачот, иако негов пријател, половина час се заборавил од мавање со метална шипка по главата и целото тело, од што Никола добил повеќе скршеници и обилно крварење, од што починал во болницата во Гевгелија.
Дојранчани се простуваат од својот сограѓанин Никола, кој иако е родум од Богданци долги години живеел во Дојран.
“Почивај во мир МАМЛИ 🙏🏻 Каков и да беше, никој не заслужува таква смрт” – е пораката од дојранчани на социјалните мрежи.
ОЈО Гевгелија денес (04.11.2024 год. н.з.) отвори истрага за кривично дело “убиство” и побара притвор за осомничениот за да не влијае врз сведоците при истрагата.
RIP 🙏🕯

На софра со својот џелат

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Македонските јуниори на ЕП го почнуваат походот кон А-дивизијата

Next Post

ВИДЕО: Добрила Чабриќ- Дојран е злато! Дојран е за мене терапија!

Next Post
ВИДЕО: Добрила Чабриќ- Дојран е злато! Дојран е за мене терапија!

ВИДЕО: Добрила Чабриќ- Дојран е злато! Дојран е за мене терапија!

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

„Есенски крос“ на учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

„Есенски крос“ на учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

3 години ago
Сиљановска: „Пораз на институционалната превенција!“

Сиљановска: „Пораз на институционалната превенција!“

9 месеци ago
Во Дојран ќе започне да работи Амбуланта во соработка со Здравен Дом Валандово

Во Дојран ќе започне да работи Амбуланта во соработка со Здравен Дом Валандово

3 години ago
Македонските ракометари со гол во последната секунда ја совладаа Романија на ЕП

Македонските ракометари со гол во последната секунда ја совладаа Романија на ЕП

10 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони
  • Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија
  • Иновација на средношколци од Богданци – „MediGuard Box“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

ноември 19, 2026
Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

ноември 19, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist