Полувековната традиција во угостителството на ресторан „Јавор Мрзенци – Перо“ препознаена и во меѓународни рамки – денеска е наградена со Пехар и ЗЛАТЕН медал за квалитет и долгогодишен развој и придонес во македонскиот туризам на 56-от Меѓународен саем за туризам што се одржува од 27 до 29-ти ноемви во Нови Сад, Србија.
Наградите кои ги понесе овој семеен ресторан од с.Мрзенци Гевгелија се:
– ПЕХАР и Диплома за 50 години развој на македонскиот туризам за „Јавор Мрзенци – Перо“
– ЗЛАТЕН медал и Диплома за врвен квалитет, долгогодишна традиција и гостопримство.
Наградите ги додели Проф. Радован Пејаковиќ, претседател на жири комисијата за туристичките вредности на МСТ, Нови Сад, а ги примија двете ќерки на газда Перо, кои го претставуваа семејниот бизнис со угостителство на Новосадскиот Саем за туризам годинава.

– „На наша голема чест и огромно задоволство добивме пехар и плакати во повеќе категории од Новосадскиот саем за туризам. Пехарот е наменет за газда Перо, нашата ѕвезда водилка, човекот кој е најзаслужен за тоа што го позиционираше Мрзенци на туристичката мапа и даде свој огромен придонес за развојот на туризмот. Нема некој што не слушнал за Мрзенци и за јагнешкото од Мрзенци. Ние како фамилија сме особено горди на неговата долгогодишна работа . Честитки и до двата тима од нашите два ресторани „Јавор Агапи“ Мрзенци и „Јавор Мрзенци Перо“ во Скопје кои се дел од нашата фамилијарна приказна“ – истакнуваат од среќните добитници на наградите.
Честитки за наградата и признанието на полувековната угостителска традиција која опстојува во с.Мрзенци, Гевгелија!




















