Пеесетгодишниот одржувач на трафостаници на „МЕПСО“ од Скопје, Илија Балтовски Балто, инаку реден битолчанец, цел живот се подготвувал да биде музичар, но кога ја наполнил 50-ката од животот оставил и инструменти, и бенд, и се’, и сега се обидува на популарното Балканско шоу да остави своја музичка трага.
На последното издание од емисијата ја пееше песната „Let’s dance“ од Дејвид Боуви која за прв пат прозвучи на сцената на „Никад није касно“. Жирито одушевено од неговиот настап, одушевена и Тамара Тодевска која му изрече комплименти за настапот и голема поддршка, но не сакаше да замине од сцената додека не запее нешто и на македонски.
Еве ја изведбата на Дејвид Боуви од Балто, а и бонус песната „Битола мој роден крај“ со Балто и Тамара. Настапот на Балтовски започнува од 56-та минута од шоуто.
Неверојатна поддршка доби од Тамара Тодевска, но сега потребна му е и мала пооддршка од нас за да ја потврдиме музикалноста на македонската нација и со гласовите од публиката да му овозможиме на Илија Балтовски да го продолжи натпреварувањето на оваа отворена Балканска музичка сцена, какво што е шоуто „Никад није касно“.

Инаку, ова беше самиот почеток од третиот круг на натпреварот, а жирито имаше голема мака да ги избере најдобрите.
Како што истакна и самата Тамара, тие не биле едногласни и одвај одлучиле кој да оди во следниот круг.
Па така пејачката откри дека директно поминале натпреварувачките Јасмина Христов и Марија Машиќ, додека публиката во студиото ја избрала Јасмина Селмановиќ.
Милош Јевтиќ и Илија Балтовски ќе одат на гласање преку социјалните мрежи на кое може да гласа секој на линкот тука.
Гласањето се изведува (ТУКА) и ќе трае до вторник, 16 декември, до 24 часот, значи гласањето завршува утре точно на полноќ.
Засега Балто има 67% поддршка повеќе од Јевтиќ, за кого гласале 32% од публиката на социјалните мрежи.
Ајде Македонци, да гласаме за Балто!
Не чини ништо пари Вашиот глас, само чекор во следната рунда за Балто и продор на македонската песна!




















