Точно на 1 минута пред заоѓање на сонцето денес во 16:03h календарски започна зимата, на 10 дена пред истекот на 2025 година, точно на 355-от ден од годината.
Денешниот ден е најкраткиот ден во годината. Започна во 6:52 h изутрина, со изгревањето на сонцето во Гевгелија, а заврши во 16:04 h попладне. Денот траеше само 9 часа и 12 минути и остави ноќта да царува останатите 14 часа и 48 минути. Затоа овој ден се нарекува “зимска краткоденица”.
Астрономската зима ќе трае до петок, 20 март 2026 година, кога пролетта започнува во 15:46 часот. Вкупното времетраење на оваа зима ќе биде 88 дена, 23 часа и 42 минути.
Фото: Снежен зимски ден во Гевгелија, 2012 година
Од утре денот полека ќе почне да се зголемува до летната долгоденица, околу 21 јуни.
За љубителите на светлината, ова е клучна пресвртна точка во годината, бидејќи веќе од утре деновите постепено ќе се продолжуваат, процес што ќе трае во континуитет сè до летниот солстициум во јуни.
Важно е да се напомене дека постои разлика во начинот на кој се дефинираат годишните времиња. Додека астрономскиот календар се води исклучиво според движењето на Земјата во вселената, метеоролозите применуваат поинаков пристап заснован на температурните циклуси.
За метеоролошката наука, зимата е веќе започната на први декември и секогаш трае точно три месеци, што овозможува полесна статистичка обработка на податоците за временските услови.
Низ историјата, овој ден имал огромно значење за многу цивилизации.


















