„Еден миг и луда постапка, Боже каква судбина…“ – се дел од стиховите кои ќе ве наежат, во баладата „Фросина“ која Огнен Неделковски ја напишал во еден здив една доцна ноќ, а Александар Митевски ја изведува, како подарок за семејството на Фросина Кулакова.
Фросина Кулакова е 22-годишната модна дизајнерка, чиј живот прерано згасна во трагична несреќа во Скопје, кога млад возач ја удри со автомобил и на место ја усмрти, а целиот народ се крена на нозе за правда.
Таа никогаш нема да биде заборавена, а по повод една година од нејзиното вечно заминување, денес е објавена песната „Фросина“, посветена токму на неа.
Текстот го напишал Огнен Неделковски во еден здив, а музиката и изведбата се дело на Александар Митевски.
Песната не повикува на одмазда, туку на будење на општествената свест, што е и целта на Фондацијата „Фросина Кулакова“.
Оваа балада е подарок за семејството на Фросина, а со сигурност ќе ве допре длабоко и ќе ве наежи.




















