На подрачјето на надлежност на ОВР Гевгелија вчера се случија две сообраќајни несреќи со трактор, каде жртви беа возачите на тракторите, инаку повозрасни граѓани од Гевгелија и Богданци
На 08.04.2026 во 09:15 часот вo ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.„Костадин Зупов“ во с.Смоквица, гевгелиско, трактор „Тома Винковиќ“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Р.Б. (75) од Гевгелија, излетал од патот и паднал во речното корито на река Мешкавица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Ж.Г.(70) од с.Смоквица, констатирани во Општа болница Гевгелија.
Возачот на тракторот Р.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, од каде во 23:15 часот е добиено известување дека починал. Претходно, Р.Б. беше успешно извлечен од пожарникарите на ТППЕ Гевгелија кои го извадија од под превртениот трактор, а екипа на ИМП од гевгелиската болница го превзеде и однесе на рентген заради констатирано пригмечување на едната подколеница.
За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
ТППЕ Гевгелија: Спасен жител на с.Смоквица заглавен под превртен трактор
Втората сообраќајка истит ден, 08.04.2026 се случила попладнето. Во 18:50 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул. „Мирче Ацев“ во Богданци, трактор „Фергусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.С.(64) од Богданци, удрил во бетонски ѕид и се превртел.
Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.




















