По англиската верзија на „It’s OK“, Теодора Гошева Капсарова сними и објави македонската верзија од својата најнова песна која е нејзино авторско дело во соработка со странски автор Пит Каули, а аранжманот е тандемско дело со музички стручњак од Америка, Џејмс Синклер-Стот, во соработка со Теодора.
- „Македонската верзија не носи буквален превод, туку адаптација на приказната и емоцијата на оригиналот на македонски јазик. Иако текстот содржи неколку англицизми, тие останаа дел од песната затоа што природно се вклопуваат во нејзиниот израз.
Снимено како интимно студиско видео, оваа верзија ме прикажува онака како што најчесто ја создавам музиката – со глас, укулеле и многу искреност“, вели Теодора.
„Нели е тажно да го гасиш туѓиот сјај, сјај, сјај,
Чекаш грешка за да кажеш ти си Нај“.
„It’s OK“ ако станам касно денес,
„It’s OK“ ако имам кратко репче,
„It’s OK“ ако сакам уште чизкејк,
„It’s OK“ ако имам простор меѓу забите“
Авторска песа, авторски текст, авторски прашања и одговори. Слушнете ја песната:
„Ви благодарам на поддршката и се надевам дека ќе најдете дел од себе во песната ❤️“ – порачува Теодора, позната во светските музички кругови како Теда.




















