сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Дојранско Езеро – метафора за иднината на Македонија

Системот „Ѓавото“ не го спасува само езерото, туку ја потсетува и Македонија дека водата е најголемото национално богатство

јули 31, 2026
in MАКЕДОНИЈА
Дојранско Езеро – метафора за иднината на Македонија
0
SHARES
318
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

„ЃАВАТО“ НЕ ГО СПАСУВА САМО ЕЗЕРОТО ТУКУ И ЈА ПОТСЕТУВА МАКЕДОНИЈА ДЕКА ВОДАТА Е НАЈГОЛЕМОТО НАЦИОНАЛНО БОГАТСТВО

Дојранско Езеро повторно добива вода, добива живот, добива век. Македонија веќе научи да го чува. Знае што значи вода. Во век во кој нафтата веќе не е единственото стратешко богатство, водата станува прашање на суверенитет, економија и национална безбедност. Земја што знае да ги зачува своите езера, реки и извори, не го чува само природното наследство, таа ја чува и сопствената иднина. „Ѓавато“ денес не е само пумпна станица. Тоа е потсетник дека најголеми државни инвестиции не се оние што најгласно се отвораат, туку оние што секојдневно и упорно го одржуваат животот
Дваесет часа беа потребни повторно да се наполнат цевководите на хидросистемот „Ѓавато“ откако шест месеци мируваше. Но зад тие дваесет часа се крие приказна што трае повеќе од две децении – приказна за едно езеро што неколкупати било на работ на исчезнување, за држава што сфатила дека природата не може да се остави сама на себе и за една инфраструктура што денес буквално го одржува животот на Дојранско Езеро.

Related posts

Орден „8 Септември“ за Светлана Мојсов, македонски научник која го откри лекот Оземпик

Орден „8 Септември“ за Светлана Мојсов, македонски научник која го откри лекот Оземпик

септември 27, 2026
ОЈО ГОКК: Истрага за царинска измама со цигари – штета на Буџетот од над 250 милиони денари

ОЈО ГОКК: Истрага за царинска измама со цигари – штета на Буџетот од над 250 милиони денари

септември 26, 2026

Протече вода, донесе живот

Повторното пуштање во функција на системот доаѓа во вистински момент. Август и септември отсекогаш биле најтешки месеци за најмалото природно езеро во Македонија. Високите температури, силното испарување и речиси целосниот недостиг од врнежи секоја година му одземаат милиони кубни метри вода. Во моментот нивото на Дојранско Езеро изнесува 145,26 метри надморска височина, што е речиси еден метар под договорениот минимум од 146,13 метри. Во езерото моментално се испуштаат околу 200 литри вода во секунда, а надлежните најавуваат дополнително зголемување на дотурот во наредните денови. Но ова не е само информација за водостој. Ова е приказна за тоа како една инженерска интервенција стана услов за опстанок на цел еден екосистем.

Езерска птица, одмара пред да го почне дневниот риболов

Од еколошка катастрофа до инженерски зафат што покажа дека знаеме и умееме

Постарите жители на Дојран добро паметат како изгледаше езерото кон крајот на 1990-тите години. Водата се повлече стотици метри од брегот. Рибарските чамци остануваа на суво, традиционалниот риболов исчезнуваше, туристичката сезона пропаѓаше, а научниците предупредуваа дека езерото може да стане уште една балканска еколошка трагедија. Тогаш државата започна еден од најамбициозните водостопански проекти во независна Македонија. Во 2002 година беше изграден хидросистемот „Спас за Дојранско Езеро“, попознат како „Ѓавато“. Системот се состои од десет бунари кај Ѓавато, повеќе од 20 километри цевковод, препумпни станици, канали и акумулацијата Паљурци, преку кои водата се пренесува до езерото. Проектираниот капацитет достигнува до 1.000 литри вода во секунда. Токму благодарение на овој систем, Дојран постепено почна повторно да се полни.

Автентични дојрански кораби што ги користат дојранските рибари

Кога системот ќе запре – езерото веднаш го чувствува тоа

Последните години покажаа колку е кревка рамнотежата. Поради дефектите, високите трошоци за електрична енергија и недоволното одржување, системот неколкупати беше надвор од функција. Во одредени периоди работеа само неколку пумпи, а потоа и тие престанаа. Последиците веднаш беа видливи. Според податоците на Министерството за животна средина, исклучувањето на пумпите во 2022 година веќе истата година придонело средногодишното ниво на езерото да се намали за околу 14 сантиметри. По речиси три години застој, системот повторно беше активиран во ноември 2024 година. Тоа уште еднаш покажа дека денешниот Дојран повеќе не зависи само од дождовите. Тој зависи од тоа дали ќе работат пумпите.

Климатските промени имаат свое влијание

Она што пред дваесет години беше дополнителна мерка, денес станува неопходност. Балканот е меѓу европските региони што најбрзо се затоплуваат. Подолги сушни периоди, сè помалку снег на планините и екстремни летни температури значат дека природното обновување на езерата станува сè потешко. Дојран прв го чувствува тоа. Плиткото езеро има релативно мала длабочина, што го прави особено чувствително на испарување. Секоја жешка сезона му одзема огромни количества вода. Затоа денес „Ѓавато“ не е само водостопански проект. Тој е климатска адаптација.

Најважната порака од приказната за Дојран не се однесува само на езерото

За многумина Дојран значи плажа, риба и летен одмор. Но за научниците тоа е редок екосистем со специфична биолошка разновидност. За рибарите – вековна традиција. За локалната економија – главен извор на приходи. За државата – пример како една природна вредност може да се зачува само ако постои континуирана грижа. Ниту еден систем не може сам да го спаси езерото ако не се следат водостојот, квалитетот на водата, загадувањето и климатските промени. Можеби најважната порака од приказната за Дојран не се однесува само на ова езеро. Туку на целата држава. Македонија располага со природни езера, стотици извори, планински водотеци, акумулации и огромен хидропотенцијал, кој со децении често се земаше здраво за готово. Во време кога Европа веќе зборува за водна безбедност, а климатските промени стануваат најголемиот природен предизвик, водата полека се претвора во највредниот ресурс на секоја држава. Она што денес изгледа како локален проблем во Дојран, утре може да стане национално прашање. Затоа приказната за „Ѓавато“ не треба да заврши со веста дека повторно се пуштени пумпите. Таа треба да стане почеток на една многу поширока државна политика – политика во која ќе се инвестира во секој хидросистем, во секоја акумулација, во секој извор и во секоја капка вода. Бидејќи државите што ќе умеат да ги сочуваат своите водни ресурси, во иднина нема да располагаат само со природно богатство туку ќе располагаат со еден од највредните стратешки ресурси на 21 век. И токму затоа, спасот на Дојранско Езеро не е само победа за едно езеро. Тој е потсетник дека Македонија мора да почне да ја чува водата како национално богатство – не затоа што денес ја нема доволно, туку затоа што утре ќе вреди повеќе од кога било. Н.М.

Извор: Нова Македонија

ShareTweetShareSend
Previous Post

Гевгеличанката Боркица Мурџева победничка на „Гласот на Земен“ 2026

Next Post

Деветмина лишени од слобода во Скопје, кај нив е пронајдена дрога

Next Post
Деветмина лишени од слобода во Скопје, кај нив е пронајдена дрога

Деветмина лишени од слобода во Скопје, кај нив е пронајдена дрога

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Спречен шверц на ГП „Богородица“ и ГП „Дојран“ за внес на салји со дијамантски прстени и цигари

Спречен шверц на ГП „Богородица“ и ГП „Дојран“ за внес на салји со дијамантски прстени и цигари

1 година ago
Јован Насев го освои 11-тиот пехар за „најдобар играч“ на турнир во Грција

Јован Насев го освои 11-тиот пехар за „најдобар играч“ на турнир во Грција

11 месеци ago
Гевгеличани ја испочитуваа Духовденска Задушница

Гевгеличани ја испочитуваа Духовденска Задушница

3 години ago
Во Гевгелија наврна 24 l/m2 воден талог за 24 часа

Во Гевгелија наврна 24 l/m2 воден талог за 24 часа

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist