На 06.08.2026 во 20:00 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.С.(31) од Гевгелија.
Според пријавеното, на 05.08.2026 околу 23:00 часот во Гевгелија тој агресивно се однесувал кон неговата 27-годишна поранешна девојка.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



















